Банер
Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: ВМРО –НП комплетно помина во ВМРО-ДПМНЕ (Сабота, 04 Февруари 2012 21:18)
Флеш Вести: Во Скопје Украдени 60.000 евра од автомобил (Петок, 03 Февруари 2012 17:39)
Флеш Вести: Најавени протести пред Општина Охрид (Петок, 03 Февруари 2012 14:22)
Флеш Вести: Почина новинарката на „Дневник“ Натали Сотировска (Среда, 01 Февруари 2012 18:53)

By A Web Design

Прилеп ја одбележува 9- годишнината од загинувањето на резервистите кај месноста Карпалак

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Со положување цвеќе пред споменикот во кругот на касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп најблиските, делегации од општината и од здруженијата „Карпалак“ и „Воените обрзници-резервисти, од настаните во 2001“ утре го почнуваат одбележувањето на деветгодишнината од загинувањето на 10 - те резервисти кај месноста Карпалак.

Делегациите ќе ја посетат и спомен собата во касарната каде се фотографиите и спомените на загинатите бранители. Утре попладне цвеќиња ќе бидат положени и пред споменикот во селото Лениште, а ќе биде посетен манастирот „Света Петка“.

Централното чествување е в недела на пладне пред спомен-обележјето Карпалак во центарот на Прилеп. Градот ќе им оддаде почит, а најавени се  и претставници од Министерството за одбрана и од Генералштабот на АРМ.

По повод 9-годишнината од масакрот кај Карпалак, пригодно ќе биде означен и почетокот на градежните работи за уредување на  просторот околу спомен обележјето во центарот на градот каде ќе има симболичен спомен комплекс за сеќавање на бранителите.

На 8 август 2001 година кај Карпалак животот го загубија резервистите Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.
В недела во 10 часот во црквата „Свето Благовештение“ ќе се одржи панихида за покој на нивните души. Делегации ќе го посетат и кобното место, на Карпалак на патот Скопје – Тетово кога конвојот прилепски резервисти на 8 август 2001 година беше нападнат при што загинаа 10-те бранители.
Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

-Вести-

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга