Петок, 06 Август 2010 13:31
Македонија никако не смее да го смени своето име и да и` попушти на Грција.
Ако тоа го стори, тогаш Грција ќе поставува нови и нови барања се` додека не ја постигне својата крајна цел, а тоа е Македонија да ја снема од мапата, вели првиот медијатор во грчко-македонскиот спор околу името амбасадорот Робин О Нил.На вчерашната прва меѓународна интернет ТВ конференција "Македонија: нашето име и идентитет, нашата гордост и достоинство" што ја емитуваше охридската телевизија НТВ, О Нил порача Македонија засилено да работи на приемот во ЕУ и НАТО.
Според него, Грција не ги почитува условите од Привремената спогодба што и дава право на Македонија да инсистира на членство во ЕУ и НАТО под името договорено со Резолуцијата 817.
- Го велам ова зашто сум убеден дека ова име е само за привремена употреба и во догледно време ќе престане да биде важечко. Но, ако Македонија прифати кое било друго име како на пример Република Македонија-Вардар или Република Северна, Горна или каква било друга Македонија, Грција ќе биде уште повеќе осоколена да продолжи со други барања и уцени кои би биле губитнички-кобни за Македонците и за Македонија, смета О Нил.
Тој потсети на неговиот предлог „Република Македонија - Скопје“ што го даде кога беше прв посредник во грчко-македонскиот спор во 1992 година, како компромис за условен прием на земјата во ОН и за привремена употреба до изнаоѓање крајно решение. Но, Грција, нагласи, го одби.
Професорот Аристотелис Цампарис од атинскиот универзитет „Пиреа“, пак, оцени дека „постои ретка можност спорот за името да биде решен до ноември годинава“.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448