Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: Мендух Тачи направил сообраќајна несреќа (Вторник, 07 Февруари 2012 20:06)
Флеш Вести: Граѓански акции за расчистување на снегот во Скопје (Вторник, 07 Февруари 2012 16:33)
Флеш Вести: ВМРО-Обединета преминува во ВМРО-ДПМНЕ (Понеделник, 06 Февруари 2012 17:41)
Флеш Вести: Пронајден машки труп во близина на патот Кичево-Охрид (Недела, 05 Февруари 2012 15:51)

By A Web Design

Владата нема да ги прекине преговорите со Грција за името,

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Владата нема да ги прекине преговорите со Грција за името, како што сугерира дијаспората. Ова го изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен темелник на две тениски игралишта во општина Карпош.

- Не би рекол дека би оделе на прекин, но сме многу внимателни во тие разговори, истакна премиерот Груевски. 

Тој информира дека Владата подготвува нов пакет реформи во државната администрација, од аспект на модернизација, но и на стручност. Секој потенцијален кандидат за вработување, посочи премиерот, ќе треба да помине тестови со кои ќе се оценуваат капацитетот на личноста, знаењето, интегритетот и сите други перформанси важни за државен службеник кој по постигнување одредено ниво, носи одлуки од кои многу зависи и животот на граѓаните.

- Се размислува за воведување дополнителни тестови кои ќе прават уште подобра селекција при влегувањето во државната администрација за да се елиминира можноста да влезат неквалитетни кадри незвисно од етничката припадност. Нивното унапредување ќе биде според построги критериуми од досегшаните, но тоа го оставаме за есенскиот дел кога го очекуваме извештајот на „Сигма“ до ЕУ после кој Унијата ги зема оние работи што смета дека треба и ги препраќа кај нас со препорака да бидат усвоени, рече Груевски.

Владата, потенцира, интензивно работи и се труди да заврши колку што може повеќе од она што ја очекува по добивањето датум за почетокот на преговорите.

- Се работи на детектирање добри поединци кои би влегле во преговарачкиот тим и на евентуално селектирање главен преговарач кој би дошол во моментот кога би ги почнале преговорите. Исто така и во делот на законодавството, но и на други активности што треба да ги направи Владата, се трудиме колку што е можно порано да ги направиме за да не ни се соберат многу работи кога ќе почнат преговорите. Фокусирани сме на тоа со оглед дека сега поради други прашања, односно прашањето со името и блокадата од Грција, ни се одложени преговорите.

Според него, не може се да се сработи зашто има некои процеси кои не можат да се прескокнат, но еден значаен дел може и тоа Владата го прави сега.

Премиерот Груевски информира дека од предвидените околу 100 законски решенија согласно ЕУ легислативата, Владата годинава изготви приближно 60. Во Собранието, како што рече, се веќе прифатени 50-тина, а останатите 10 се очекува да бидат усвоени до крајот на овој месец.

- Тоа е најголем процент досега извршен во овој дел од годината. Најчесто голем процент од законите се носеле во септември/октомври, а помал во првите шест, седум месеци. Овој пат, годинава, имаме добра динамика, и процентот што сега е постигнат од околу 60 отсто, е најголем што сме го направиле досега како Влада и воопшто што го направила која било друга влада во минатото, истакна Груевски, одговорајќи на новинарско прашање

 

Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

-Вести-

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга