Банер
Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: Пронајден машки труп во близина на патот Кичево-Охрид (Недела, 05 Февруари 2012 15:51)
Флеш Вести: ВМРО –НП комплетно помина во ВМРО-ДПМНЕ (Сабота, 04 Февруари 2012 21:18)
Флеш Вести: Во Скопје Украдени 60.000 евра од автомобил (Петок, 03 Февруари 2012 17:39)
Флеш Вести: Најавени протести пред Општина Охрид (Петок, 03 Февруари 2012 14:22)
Флеш Вести: Почина новинарката на „Дневник“ Натали Сотировска (Среда, 01 Февруари 2012 18:53)

By A Web Design

СДСМ побара да се утврди улогата на Коњановски во случајот РЕК Битола

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

СДСМ во средата побара да се реши случајот со 12 директори од РЕК Битола  против кои беа поднесени кривични пријави за криминал и корупција, односно тие да бидат суспендирани од работните места и побара да се испита одговорноста на тогашниот директор Зоран Коњановски.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека за секој за кој ќе се најдат докази или ќе постои основано сомнение дека е корумпиран или се занимава со криминал и премиерот Никола Груевски и партијата остро ќе реагираат и ќе го осудат таквиот чин.

„Дека станува за огромен и тоа смислен и организиран криминал говори и фактот дека обвинението ги товари 12-те директори дека во текот на целата 2008-ма година континуирано правеле крупни криминални и корупциски дејствија потпишувајќи нереални фактури со што ја оштетиле РЕК Битола за околу 8,6 милиони евра. Кривични пријави за своето работење во 2008 година добија сите први луѓе на РЕК Битола освен тогашниот генерален директор Коњановски“, рече Атанаско Туневски од СДСМ.

Тој праша како е можно сите клучни директори во РЕК Битола да се обвинат за континуирано криминално работење, а не и генералниот директор, и зошто директорите на ЕЛЕМ и РЕК Битола, Чингоски и Коњановски дозволиле континуиран криминал и корупција.

„Дали оваа огромна криминално-корупциска афера е само мал дел од уште поголемиот криминал кој се прави во ЕЛЕМ и РЕК Битола со очигледна подршка на Груевски и Владата? Затоа, се додека не се расчисти овој огромен корупциски скандал најмалку што треба АД ЕЛЕМ да направи е да ги суспендира и отстрани обвинетите од нивните работни места. И секако, во целиот овој криминал мора веднаш да се истражи на објективен и неселективен начин улогата на Зоран Коњановски“, рече Туневски.

Според ВМРО-ДПМНЕ, опозициската СДСМ со ваквата прес-конференција се обидува да дискредитира и манипулира со јавноста и оти се ставаат пред институциите на судската власт.

„Ние сме  принципиелни и кога  во прашање е борбата против криминалот и корупцијата, докажано е дека сме крајно безмилосни. И тоа е принципот од кој ние немаме намера по ниту една цена да отстапиме. СДСМ уште еднаш се става во улога на суд и егзекутор, што произлегува од нивното минато и нивните демократските капацитети“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ
Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

-Вести-

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга