СВР Скопје вчера поднесе кривична пријава на ОЈО Скопје, го предаде за понатамошна постапка Јане Павловски .(43) со прекар ТИЦА од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Тој завчера околу 21 часот, отишол во дворот од куќата на неговиот пријател Ј.И. на буеварот „12-та Македонска Бригада“, со неговите два внука, со цел да се смири со својот пријател со кого претходно бил во нарушени односи. Настанала расправија помеѓу нив по што ТИЦА со гласно викање и карање го нарушил јавниот ред и мир.
Нарушувањето во центарот за известување и командување на бројот 192, е пријавено од страна на граѓанин од Скопје, по што на самото место се упатиле три тима на мобилната единица, како и униформирани полициски службеници од ПС Аеродром.
По пристигнувањето, полицискиот службеник Ј.В. пристапил кон легитимирање на Павловски- ТИЦА, барајќи од него да му ја даде личната карта на увид, претходно легитимирајќи му се со службена легитимација.
На ова Павловски грубо реагирал, при што му се обратил со погрдни и омаловажувачки зборови, по што со употреба на физичка сила – удар со тупаници му задал удари по главата на полицискиот службеник Ј.В., кој од ударот паднал на земја. На помош на Ј.В. му притекнале двајца полициски службеници, кои го совладале Павловски и привеле во ПС Аеродром за натамошна постапка, а полицискиот службеник бидејки имал силни болки во главата и телото се јавил во Ургентен клинички центар-Скопје за укажување лекарска помош.
Полицаецот е хоспитализиран и по извршениот лекарски преглед констатирани се телесни повреди – контузии во пределот на лицето и телото. Откако бил приведен во ПС Аеродорм, напаѓачот продолжил да се заканува и на сменоводителот, велејќи му дека ќе му се одмазди и дека ќе му се случат лоши работи. Нему му е извршено и алкотестирање, кое покажало дека осомничениот бил во пијана состојба..
Инаку, Јане Павловски-ТИЦА и е познат на полицијата уште додека бил малолетник. Досега повеќепати е пријавуван и казнуван за кривични дела од областа на имотните деликти, обични и тешки кражби , за убиство на Ромео Живиќ , за насилство и предизвикување општа опасност, за што е и казнуван. Истражен судија од ОС Скопје му изрече мерка притвор во времетраење од 15 дена












