Понеделник, 02 Август 2010 07:21
Двата историски Илиндена - 107 години од Илинденското востание и 66 години од Првото заседание на АСНОМ вo понеделник традиционално ќе бидат одбележани со народни собири на Мечкин Камен во Крушево и во меморијалниот комплекс во кумановското село Пелинце.
Делегацијата во Крушево, каде што се одржува централното чествување, ја предводи претседателот на Владата Никола Груевски, а во Пелинце Претседателот на државата Ѓорге Иванов. Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски. ќе положи цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто, претседател на Президиумот на АСНОМ, во центарот на Скопје.
Годинава македонска официјална делегација нема да го посети автентичното место на АСНОМ, манастирот Св. Прохор Пчињски, кој остан ана српска територија и сега е под јурисдикција на Српската православна црква, чии претставници знаат да направат провокации.
Во битолското село Трново на Илинден ќе се одржува традиционалната 39.
Светска македонска средба, во организација на Матицата на иселениците, Светскиот македонски конгрес, Сојузот на Македонците од Егејот „Македон“ и Сојузот на Македонците со исламска религија.
Во Крушево на 2 Август ќе стигнат и коњаниците, кои традиционалниот Илинденски марш и оваа година го почнаа од скопско Горно Лисиче на 27 јули.
Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 г. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател... Слободната Република траела десет дена.
Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов Ченто.
Заседанието усвоило неколку документи со државнотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448