Недела, 01 Август 2010 18:00
Красимир Каракачанов со уште една провокација до македонската нација.
На транспарент со содржина „Македонија е бугарска“ тој и неговата партија одбележуваше годишнина од Илинденското востание пред споменикот Илинденци, близу Благоеврград.
Активисти на партијата ВМРО на контроверзниот лидер транспарентот го истакнале на почетокот на церемонијата, но не бил повлечен до крај. Според бугарската агенција БГ НЕС тоа од активистите на софиската партија го барал и актерот кој ја водел манифестацијата. Објаснил дека не станува збор за политички митинг, па затоа нема потреба од транспаренти со политичка содржина.
За жал не го послушале. За Македонците во Бугарија оваа порака можат да ја напишат само најголемите националисти, а за жал такви многу ги има во соседната земја и не треба да изненадува, велат тие.
Видео kanal5.com.mk
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448