Недела, 01 Август 2010 17:42
„Грција или ништо“, „Македонија е грчка“, навреди и пцости на англиски збогатени со националистички симболи- сето ова осамна на неколку автомобили на македонски туристи кои летувале на вториот крак на Халкидики. Ова е автомобилот на генералниот менаџер на Хипо Адриа Лизинг во Македонија, Оливер Цинтл. Иако Австриец, македонските регистрации му го упропастиле одморот со девојката на грчките плажи.
-Со некаков зелен спреј напишале Македонија е грчка и некакви знаци. Налик на нацистички симболи и сега се на мојот автомобил. Катастрофа. Навистина сум фрустриран. За мене како Австриец- ова е навистина неразбирливо. Дека луѓето се способни за вакво нешто- не ми се вреува, не може да разберам.- изјави за Канал 5 Оливер Цингл, генерален менаџер на Хипо Адриа Лизинг Македонија.
Испишани биле и контејнери и ѕидови на апартманите каде имало македонски туристи. Најверојатно станувало збор за екстремистичка група. Локалните жители им помогнале на шокираните Македонци, објаснува колегата новинар Филип Нацовски.

- Ме виде еден Грк и повикавме полиција. Дојдоа за два часа бидејќи такви чкртаници имало на повеќе места и тие оделе на увид, така ми рекоа полицајците. Ме советуваа да дојдам во најблиска полициска станица и да побарам пари за отштета или сам да ги отстранам тие знаци со бензин- изјави Филип Нацоски чиј автомобил „Рено“ беше исчкртано.
За последниот случај во МНР немаа конкретни информации иако имаат добиено повеќе фотографии за претходно оштетени автомобили на Македонци во Грција. Ги повикуваат сите оштетени да пријават или во конзулатот во Грција или во МНР, и го оценуваат како срамен чин и како грчка дефиниција за добрососедски односи.
Македонските туристи во Грција сами се снаоѓаат, за да ги избришат зелените погрдни натписи мора да потрошат некој литар бензин иако во Грција бензинот поради штрајковите е многу скапоцена стока.
.
Извор .kanal5.com.mk
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448