Банер
Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: Пронајден машки труп во близина на патот Кичево-Охрид (Недела, 05 Февруари 2012 15:51)
Флеш Вести: ВМРО –НП комплетно помина во ВМРО-ДПМНЕ (Сабота, 04 Февруари 2012 21:18)
Флеш Вести: Во Скопје Украдени 60.000 евра од автомобил (Петок, 03 Февруари 2012 17:39)
Флеш Вести: Најавени протести пред Општина Охрид (Петок, 03 Февруари 2012 14:22)
Флеш Вести: Почина новинарката на „Дневник“ Натали Сотировска (Среда, 01 Февруари 2012 18:53)

By A Web Design

Собранието расправа околу интерпелацијата на министерката за внатрешни работи

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Расправата за интерпелација на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, се разви во расправа во стилот во кој се однесуваат власта и опозицијата во последно време.

Се тргна од неа но премина во уште еден ден препирање меѓу двете партии.

“Во Македонија се инсталира полициска држава, а синоним за тоа е министерката за внатрешни работи.  Во ва време Гордана те тужи, Гордана те суди, Гордана те егзекутира.” – со овие зборови пратеникот на СДСМ, Јани Макраули во име на предлагачите, уште на почетокот објасни зошто била побарана интерпелацијата за министерката Јанкуловска.  Директен повод за расправата по интерпелацијата на министерката е инцидентот што се случи во законодавниот дом на 1 јули оваа година.

Според Макрадули, Јанкуловска заедно со Мартин Протоѓер се двете клучни полуги на, како што рече, диктатурата на Груевски.  Тој ја обвини министерката дека за инцидентот во Парламентот предвреме им пресудила на пратениците од опозицијата. 

”Ќе мавтате со слики.  И ќе викате - ме нема, ме нема.  А, да погледнете подобро.  Вас ве има и во мобилните телефони и зад камерата, и под скалите и во Кабинетот на претседателот...  Впрочем, вас ве има како мирудија во секоја недемократска манџа” - рече Макрадули. 

Сличен, дури и пожесток настап имаше и Весна Бендевска од СДСМ, која ја обвини шефицата на полицијата за пуч, насилство врз демократијата и за фашизам во писмата што ги пратила до првиот претседател Вељановски.

”Ова мало, партиско безначајно војниче е виновно за целата ситуација” - обвини пратеничката на СДСМ. 

Не помалку остри на јазик беа и претставниците на Владата.  Министерката Јанкулоска во своето обраќање изјави дека интереплацијата ќе овозможи да се слушне вистината за инцидентот. 

Неколкумина промовираа насилничко и примитивно однесување, примена на брутална сила, кој за нив е супериорна во однос на зборот.  Нивните визии за промоција на насилството како начин на дијалог претставуваат срам за нив лично и за Собранието“, рече Јанкулоска и праша: „Кога нашите меѓународни партнери велат дека реформите во МВР се на вистинскиот пат, останува да се прашаме, на кој пат сакаат да не однесат потписниците на интерпелацијата.  Се надеваме дека тоа не е патот на нерасчистените и намерно или ненамерно, неспречените атентати, мистериозните авионски несреќи, исчезнувањата на дроги од депоата, шверцот, октоподите и сите трагедии кои одбележаа еден поинаков систем на размислување и сфаќање на власта“.

 

Иако имаше повеќе од 30 пријавени говорници и безброј реплики кои се искажаа и ќе се искажат во продолжението, според Собранискиот деловник, таа мора да заврши до полноќ.  Распоредот на силите во Парламентот дава за право уште од сега да се прогнозира дека таа нема да биде изгласана.

Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

-Вести-

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга