Вторник, 27 Јули 2010 19:03
Нов начин за уништување на рибниот фонд се појавува во Охридското езеро.
Спортските риболовци тврдат дека во езерото се случува масовна појава на уништување на крапот и јагулата и тоа со помош на подводни пушки и пиштоли односно со харпуни кои кај нас се забранети за употреба.
Забележале неколку капитални примероци на крап оваа недела кои биле исфрлени на брегот на езерот.
"Несовесните риболовци кои поседуваат подводни пушки и пиштоли со нуркачки одела влегуваат со светло навечер и пукаат во рибата. Ја прободуваат со копје и ја вадат..." Радован Димитриевски СРК Свети Апостол Петар
Од надлежните државни институции, спортските риболовци бараат под итно да се реагира. Кажуваат дека подводните пушки и пиштоли ги има во слободна продажба, а голем дел од нив се набавувале од Бугарија, Турција и Грција.Риболовците тврдат дека најголем дел од примероците кои ги пронашле пцовисани биле и полни со икри со што дополнително му се нанесува удар на рибниот фонд.
Сепак, директорот на државниот Инспекторат за земјоделство, шумарство и водостопанство, Вано Димитриевски, телефонски демантираше дека станува збор за масовна појава.
Според него тоа биле неколку изолирани случаи кои рибочуварската служба будно ги следела, а лицата кои се занимавале со таа дејност им биле познати, па многу брзо ќе се преземеле мерки. Според законот за рибарство, за лов со подводни пушки и пиштоли, освен парична казна, предвиден е и затвор од една до пет години.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448