Понеделник, 26 Јули 2010 19:34
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ разменија обвинувања во врска со назначувањето на двајца нови членови во Советот за радиодифузија Борис Арсов и Алма Машовиќ.
Партијата на Црвенковски смета дека предлог одлуката е незаконска, бидејќи е прекршена процедурата за нивен избор.
„Во сите извештаи на Европската Комисија во изминативе четири години без исклучок се нотирани негативни забелешки за односот на власта кон медиумите.
Наместо да ги поправи состојбите и да работи на унапредување на независноста на медиумите, денес ВМРО-ДПМНЕ направи груб упад во независно регулаторно тело како што е Советот за радиодифузија.
Очигледно за Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не постои ниту закон, ниту процедура, за нив е најважно да инсталира партиски војници во Советот за радиодифузија“ рече Емилијан Станковиќ, пратеник СДСМ
Но, од партијата на Груевски ги отфрлија обвинувања на СДСМ .ВМРО-ДПМНЕ рече дека го разбира гневот на социјаледемократите бидејќи истекол мандатот на нивните кандидати.
“Тоа што секогаш кога Собранието избира членови на одредени тела, а надлежна е Комисијата за прашања на изборите и именувањата, никогаш нема јавен оглас е затоа што тоа воопшто не е предвидено со законот. Во законот е предвидено јавен повик, што е многу различно.
Јавниот повик се однесува од институцијата Собрание до МАНУ и до другите институции кои се наброени, а Собранието не може да си упатува само на себе јавен повик“, изјави Илија Димовски, пратеник ВМРО ДПМНE.
Членовите на комисијата за избори и назначувања од редовите на СДСМ ја напуштија седницата и дебатата ја продолжија на пленарната седница, каде исто така беше надгласано барањето, за повлекување на оваа точка од дневниот ред.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448