Банер
Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: Мендух Тачи направил сообраќајна несреќа (Вторник, 07 Февруари 2012 20:06)
Флеш Вести: Граѓански акции за расчистување на снегот во Скопје (Вторник, 07 Февруари 2012 16:33)
Флеш Вести: ВМРО-Обединета преминува во ВМРО-ДПМНЕ (Понеделник, 06 Февруари 2012 17:41)
Флеш Вести: Пронајден машки труп во близина на патот Кичево-Охрид (Недела, 05 Февруари 2012 15:51)

By A Web Design

Претседателот Иванов се сретна со иселениците во Швајцарија

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Претседателот Ѓорге Иванов денеска со средба со македонските иселеници во Берн ја започна дводневната официјална посета на Швајцарската Конфедерација во рамките на која утре ќе се сретне со неговата швајцарска колешка Дорис Лојтхард.

На средбата  на која присуствувал и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, Претседателот Иванов ги повика македонските иселеници да вложат во Македонија преку отворање мешовити македонско-швајцарски фирми и им порача дека во нивната татковина се прави се за да се креира поволна бизис клима.
Тој им ги претстави сите реформи што беа спроведени за подобрување на бизнис климата  со кои земјата беше рангирана како трет најголем реформатор во светот од страна на Светска банка и им порача дека вратите на Македонија секогаш се отворени за иселениците кои, како што рече, треба да ги искористат поволностите  што се нудат во слободните економски зони.
- Вие придонесувате за јакнењето на одличните билатерални односи меѓу Македонија и Швајцарија, земја со која немаме отворени прашања и која многу пати досега ни помогнала, рече претседателот Иванов, нагласувајќи дека е  потребно да се зголеми економската сорабтка меѓу двете земји.
Министерот Милошоски истакна дека Македонија и Швајцарија имаат многу добри односи.
-Со Швајцарија, земјата во која има над 60.000 македонски иселеници, не поврзуваат многу блиски односи. Вашето влијание на односите е многу битно. Република Македонија посветено работи на неколку пункта, а еден од нив е зајакнувањето на дијаспората преку овозможувањето да гласа на изборите во матичната држава Македонија, рече Милошоски.
Тој посочи дека секој од македонските иселеници претставува своевиден амбасадор на Македонија во Швајцарија и придонесува за угледот на матичната земја.

Иселениците се интересираа за начинот на кој ќе се спроведе гласањето на дијаспората и побараа да се зајакне капацитетот на Агенцијата за иселеништво.

Според нив, само трите предвидени места за пратеници во Собранието од дијаспората се многу малку. Тие се интересираа и за политичките поделби во Македонија, на што претседателот Иванов им одговори дека земјата е во фаза на учење на демократијата.
- Партиите се создадени да го делат народот, а претседателот да го обединува. Правам се за тоа, но за жал премногу сме политички поделени, рече Иванов, додавајќи дека луѓето ќе престанат да се интересираат за политика кога ќе зајакне економијата.
Според податоците од 2005 година во Швајцарија живеат околу 65.000 македонски иселеници, или околу 0,8 отсто од вкупно 7,6-те милони швајцарски жители, и тие претставуваат околу еден процент од вкупното швајцарско население

 

Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

-Вести-

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга