Банер
Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: Пронајден машки труп во близина на патот Кичево-Охрид (Недела, 05 Февруари 2012 15:51)
Флеш Вести: ВМРО –НП комплетно помина во ВМРО-ДПМНЕ (Сабота, 04 Февруари 2012 21:18)
Флеш Вести: Во Скопје Украдени 60.000 евра од автомобил (Петок, 03 Февруари 2012 17:39)
Флеш Вести: Најавени протести пред Општина Охрид (Петок, 03 Февруари 2012 14:22)
Флеш Вести: Почина новинарката на „Дневник“ Натали Сотировска (Среда, 01 Февруари 2012 18:53)

By A Web Design

СДСМ сака Македонија да добие негативен извештај за напредокот

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Собранието не успеа пред одржувањето на Советот за стабилизација и асоцијација на Брисел да му испрати порака за подобрување на политичкиот дијалог.
Мнозинство и опозицијата не успеаја  да ги надминат разликите околу усвојувањето на измените и дополнувањата на Деловникот за работата  на Собранието. Пратениците на СДСМ, НСДП и НД ја бојкотираа седницата затоа што мнозинството ги стави без консензус на дневен ред промените во деловникот. Тие, исто така, бараат и формирање на посебна комисија за контрола на трошоците во буџетот. Претседателот на Собрание Трајко Велјановски ја одложи седницата на  неодредено време.

„ Ако сакаме да се интегрираме во европското семејство, ако сакаме државнички одлуки, пред се овде треба да бидеме интегрираме за суштински работи. Сепак, одговорноста за европскиот напредок е заедничка“ рече Трајко Велјановски, претседателот на Собранието

„Со денешната реторика ВМРО-ДПМНЕ неуспешно се обиде да се оправда и да ја подели одговорноста за негативниот извештај од ЕУ кој највеќе од се ќе зборува за политичко влијание во вработувањето и работењето на администрацијата.

Отсутство за вистинска борба против корупцијата, владиниот притисок врз судството, немањето на посветеност кон Рамковниот Договор, Законот за антидискриминација, притисокот врз медиумите. ВМРО ДПМНЕ се уште има шанса да донесе одлука во интерес на граѓаните. да изгласа посебно собраниско тело за контрола на трошењето на парите“, изјави Јани Макрадули, пратеник на СДСМ

Имено, претходно, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги обвинија нивните колеги од СДСМ дека се нивното неприсуство на седницата, е доказ дека СДСМ сака негативен извештај од Европската комисија за напредокот на земјата.

Јас сум запрепастена уште повеќе затоа што знаат дека денеска е последен ден кога република Македонија треба да испорача позитивен одговор до Советот за стабилизација и асоцијација “ рече  Силвана Бонева, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

„Во овој момент сега, веќе не е важно каков деловник ќе донесеме, важно ем како тој ќе го донесеме, дали ќе го донесеме тоа со консензус, бидејќи тоа Брисел го бара од нас “ Роза Топузова-Каревска, пратеник на ЛДП

Рафиз Халити од ДУИ рече дека за партијата е  приоритет да се постигне овој компромис со цел за земјата да добие позитивен извештај од Европската комисија.

" Непостигнувањето на компромис, нешто што во овој момент не би сакал да го искажам, мислам дека на сите ни е јасно дека ќе ја оштети нашата, без разлика дали се од позицијата или опозицијата, а потоа мора да се свати  дека последиците ќе ги чувствуваат на нивна кожа и граѓаните на Македонија".

Вељановски најави продолжение на координациите до постигнување договор.
Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

-Вести-

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга