Среда, 21 Јули 2010 21:45
Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ја поздравува пресудата на Апелациониот суд во Скопје за потврдување на одлуката на велешкиот основен суд, според која му се потврдува две и пол годишната затворска казна на одродникот Вранишковски.
Изјавата на ѓаволската секта на Вранишковски, која поттикнува и разгорува национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост, дека тој ќе „го носел и овој крст" е пародија, затоа што тој од крстот се откажа кога се ороди со српската расколничка црква, грубо злоупотребувајќи ги верските чувства на православните верници од Повардарската епархија и во Македонија, истовремено одродувајќи се од мајката - Македонската црква.
СМК со индигнација ги отфрла клеветите на ѓаволската секта на Вранишковски дека во Македонија нема слобода на вероисповеста. Вранишковски и неговите следбеници може да формираат своја верска заедница во согласност со закон, ама не може да се именуваат за Охридска Архиепископија ниту да претендираат на нејзините имоти и наследство,
бидејќи Охридската Архиепископија во Македонија е возобновена многу одамна пред неговото раѓање, од домородни Македонци верници, свештеници и епископи во лицето на единствената канонска наследничка - Македонската Црква.
Српската Црква која двапати е под шизма на Охридската Архиепископија односно Патријаршија нема легитимно и легално канонско право преку одродникот Вранишковски да ја возобновува мајката црква со која е во раскол.
Тодор Петров
21-07-2010
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448