


Вторник, 20 Јули 2010 18:39
Македонија
Прифаќам, си давам оставка... но не поради Антикорупциска, туку поради вашата лицемерна политика и незаинтересираност за борба против вистинскиот криминал, вели Ване Цветанов во неговото соопштениет дека си поднесува оставка на функцијата директор на Управата за спречување на перење пари.
“Господине Груевски, во партијата влегов неколку години пред Вас, но не влегов за функција, ниту имам намера да се пазарам за функции. Во партијата влегов со искрени и чесни намери. На функцијата стапив да се борам против вистинскиот криминал кој го гуши и стопанството и народот, но веројатно застанав на многу патишта па ме снајде состојбава. И покрај многуте мои обиди и барања за средба со Вас со цел да Ве информирам за алармантните состојби, не најдовте 5 минути да ме примите а имавте време за секојдневни сечења на ленти и фрлање на лопати“, вели Цветанов.
Според соопштението од Цветанов, неговите проблеми почнале кога минатото лето до Министерството за внатрешни работи Управата испратила купишта случаи за перење на пари.
“Во август 2009-та ни избркаа 20 обучени луѓе на улица со оправдание дека нема пари во буџетот, но се испостави дека кратењето од 40 отсто на кадрите се случи само кај нас. Комуникацијата со Министерот и Премиерот наеднаш се сведе на нула. Во октомври не посетија од Државен завод за ревизија и во извештајот од контролата беа констатирани пропусти, но иако имавме аргументи за жалба бев советуван да не пишувам жалба бидејки извештајот ни бил супер во споредба со други институции“, се вели во соопштението од веќе екс-директорот на Цветанов.
Цветанов додава дека по постапката од Антикорупциска бил предупреден да не дава изјави за медиумите, за случајот наводно да се заборави. А, потоа вели Цветанов пристигнал непристоен предлог на Груевски.
“Да си дадам оставка, а во септември да добијам нова функција.“
Државната комисија за спречување на корупција бараше оставка од Цветанов поради неправилности во работата на Управата утврдени од Државниот завод за статистика