Понеделник, 19 Јули 2010 05:23

Стотици туристи во саботата не отпатувале на атрактивната тура за Свети Наум и други дестинации на Охридското Езеро, заради забраната за пловење што Капетанијата им ја изрече на патничките бродови, поради тоа тие немаат извршено технички преглед
Бродовите останале вкотвени кај пристаништето а бродарите во знак на револт со вклучени сирени протестираа против одлуката на Капетанијата, која според нив е спротивна на законот, јави Охридњус, .
„Според меѓународните стандарди, проверката на техничката способност на бродовите може да се изврши 3 месеци пред или по регистрацијата на пловните објекти. Регистрацијата на охридските бродови истече пред околу еден месец што значи дека техничката согласност за пловидба се уште важи“, вели Горан Устијаноски од Здружението на бродари.
Тој додава дека со изрекување на забраната ќе се нанесе тежок удар на охридското бродарство бидејќи туристичката сезона е кратка и секој изгубен ден претставува ненадоместлива штета која најдиректно ќе ја почувствуваат не само гостите во Охрид, туку и посадите на бродовите и нивните семејства.
Бродарите ја обвинија Капетанијата дека нема слух за нивните проблеми и дека со месеци се игнорираат нивните барања да се стави ред во внатрешната пловидба.
Според нив изборот на „Биро Веритас“ за овластен регистер исто така ќе биде на штета на бродарството затоа што услугите на оваа реномирана компанија се 400 отсто поскапи од тие на регистрите од Србија или Бугарија, кои како солуција Здружението на бродари ги понудило на Министерството за транспорт.
Забрана за пловидба ќе трае се додека бродарите не извршат технички преглед кај овластениот регистер „Биро Варитас“. Бродарите велат дека доколку сега ја отпочнат таквата процедура истата ќе трае долго и ќе ја пропуштат сезоната. Затоа тие предлагаат наместо основен да се изврши редовен технички преглед и тоа да го направи некој од регистрите во соседството кој тоа може да го реализира за неколку дена.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448