Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: ВМРО –НП комплетно помина во ВМРО-ДПМНЕ (Сабота, 04 Февруари 2012 21:18)
Флеш Вести: Во Скопје Украдени 60.000 евра од автомобил (Петок, 03 Февруари 2012 17:39)
Флеш Вести: Најавени протести пред Општина Охрид (Петок, 03 Февруари 2012 14:22)
Флеш Вести: Почина новинарката на „Дневник“ Натали Сотировска (Среда, 01 Февруари 2012 18:53)

By A Web Design

TO BE Хамлет

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Во рамките на Охридско лето, во петокот во домот на културата во Охрид се одржа премиерата на Хамлет од Вилијам Шекспир во изведба на Драмскиот театар од Скопје

За секоја театарска куќа вистински настан и предизвик е да се игра ова капитално дело на Шекспир. Па така и Драмскиот театар од Скопје долго пред летово ја најавуваше подготовката на Хамлет. Режисер на претставата е Дејан Пројковски а главните улоги ги толкуваа: Дејан Лилиќ како Хамлет, Викторија Степановска - Офелија, Бранко Ѓорчев - Клаудиус, Катерина Коцевска -  Гертруда, Драган Спасов - Полониус и.т.н. Музиката е на Горан Трајковски а сценографијата на Владо Ѓоревски.
Претставата предизвика огромно интересирање кај публиката, особено поради шушкањата дека се работи за сосема ново видување на оваа класична драма од аспект на режисерската постапка, и необичноста на сценографијата, па се до актерската игра. Еден од елементите на оваа изведба е секако и нејзиното траење од три ипол часа.
Веќе почетокот на претставата најави трендовско радикализирање на сцената со појавувањето на хамлетовите другари во адамови костими. Склони сме да веруваме дека Пројковски има релевантно објаснување за ваквиот почеток, но како и кај публиката така и кај актерите се почувствува мала, нелагодна трема од ваквиот мизансцен. Доколку е тоа сторено во име на ,,инквоста,, во режисерската постапка и осовременувањето на Хамлет, ќе се согласиме дека во тоа само делумно се успеа.
Во првиот дел, Лилиќ од минута во минута ја наметнуваше својата актерска доминација и сувереност, иако, како што тоа текстот и го бара, со поголема активност беа задолжени останатите актери, особено Ѓорчев и Спасов. По паузата, кога драмското дејствие инсистира на зголемување на тензичноста, актерите, преминувајќи ја вообичаената рутинска комуникација, буквално се разгоропадија. Покрај Лилиќ, кој конечно влезе во лудилото на Хамлет.

 Коцевска ја одигра Гертруда со исклучителна сценска и текстуална енергија, па дури и Степановска, која прилично дефанзивно се претстави во првиот дел, со многу повеќе мотивација го доигра ликот на Офелија. Пројковски во секој случај успеа да создаде респектабилна претстава
која и покрај должината на траењето остави впечаток на осмислено и храбро толкување на хамлетовштината во современото живеење, умешно, преку сценографијата, реквизитите и костимите (иако не сосема и преку музиката на Трајковски), и без речиси никакви интервенции да го доближи оригиналниот текст на актуелниот гледач и на модерното време. Самиот Пројковски во одделен текст прави обид да покаже дека не е исто ,,да се биде,, некогаш и сега: ,,Денес не е проблемот да се биде или не, денес проблемот е да се Биде... да се биде денес значи да се биде фрлен во една заедничка цивилизација, каде што страдањето,осаменоста, предавството, лудилото, бедата имаат заедничко име - глобален прогрес,,.
Веруваме дека овој Хамлет на Драмскиот театар уште со многу претстави ќе ја врши својата духовна и уметничка мисија каде и да биде прикажуван.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
ll
 
 
Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга