Банер
Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: Мендух Тачи направил сообраќајна несреќа (Вторник, 07 Февруари 2012 20:06)
Флеш Вести: Граѓански акции за расчистување на снегот во Скопје (Вторник, 07 Февруари 2012 16:33)
Флеш Вести: ВМРО-Обединета преминува во ВМРО-ДПМНЕ (Понеделник, 06 Февруари 2012 17:41)
Флеш Вести: Пронајден машки труп во близина на патот Кичево-Охрид (Недела, 05 Февруари 2012 15:51)

By A Web Design

Нема евроскептицизам кај Владата

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Не е можно Влада која со голема брзина ги исполнува реформите да биде евроскептик, станува збор за замена на тези, изјави   во општина Бутел премиерот Никола Груевски.

- Токму оваа Влада која што има најголем број донесени закони за хармонизацијата со европското законодавство, има најголем напредок, која што практично со големо залагање ио многу работа придонесе за добивање позитивниот извештај минатата година и препораката од ЕК до Европскиот совет за почнување на преговори, оваа Влада која што ги исполни сите услови за добивање покана за членство во НАТО, токму оваа Влада СДСМ сака да ја прикаже како евроскептик. Не е можно да имате Влада евроскептик и да ги исполнува со огромна брзина и темпо реформите, да ги донесува законите. Станува збор за замена за тези, класична работа позната кај СДСМ и често пати употребувана, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба локален пат во општина Бутел.

Тој подвелече дека Владата ги прави сите потребни реформи кои треба да го подобрат квалитетот на животот на граѓаните на Македонија и кои што исто така се значајни и за ЕУ, поради што очекува тие да бидат позитивно валоризирани во ноемврискиот Извештај на ЕК за напредокот на државата.

Во врска со анкетната комисија за инцидентот во Собранието  и за измените на Деловникот тој ги повика лидерот и пратениците од СДСМ заедно со колегите од ВМРО-ДПМНЕ да седнат заедно и да ги разрешат и двата проблема бидејќи, како што вели, тие можат да и нанесат штета на Република Македонија.

- Јас ги повикувам СДСМ и Црвенковски, посебно пратениците кои што го направија инцидентот, да седнат и заедно со нашите пратеници кои што имаат огромна волја да се реши овој проблем да го разрешат и едното и другото затоа што ќе сносат серозна одговорност за штетите што може да настанат по европската иднина на Македонија, рече премиерот Груевски посочувајќи оти, очигледно е од снимките дека тие го нападнале човекот мислејќи дека бил цивилно, а не службено лице, што, вели, е нонсенс бидејќи кого било да нападнете е недозволиво.

Прашан дали би седнал со претседателот на СДСМ за надминување на проблемите во Парламентот, тој со став дека проблемите во Собранието се создадени од пратениците и тие треба да ги решат.

- Јас би се сретнал со секого да знам дека можам сам да го решам проблемот, но проблемот треба да го решат тие што се внатре и што се директни учесници, а тоа се пратениците на СДСМ, посочи премиерот Груевски. 

За последните изјави од лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, шефот на Владата смета дека е продолжување на говорот на омразата, а што ја уназадува државата и влијае врз нејзиниот имиџ пред европските институции.

- Мене ми е жал што Црвенковски продолжува со говорот на омраза, со навреди, со закани, нешто што ја назадува Република Македонија, што за жал е негов стил во годините наназад. Ние ќе го издржиме тоа, но не е добро за сликата која што државата ја остава пред европските институции. Ние сме навикнале да ги слушаме од него ваквите говори на омраза, ваквите закани и навреди, како што редовно од време на време ги прави. Јас велам само нека не се прави тоа што се направи во 2001 година, друго се ќе се издржиме, рече Груевски.  

За тоа дали ќе продолжи апсењето лица во Пелагониско поради нелегално одгледување марихуана, премиерот Груевски посочи на пораката од МВР дека тоа ќе дејствува и ќе го применува законот секаде каде што ќе најде ваква нелегална активност.

Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

-Вести-

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга