Недела, 18 Јули 2010 07:01
На Министерскиот состанок на ОБСЕ во Алмати најважната одлука којашто беше донесена е после 11 години конечно да се одржи следниот Самит на шефови на држави и влади во текот на ноември во Астана, Казахстан, изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.
Втората тема за којашто се дискутираше, како што посочи Милошоски, беше новонастанатата состојба после вооружените конфликти во Киргистан и начините на коишто земјите-членки на ОБСЕ можат со свои набљудувачи, но и со одредена донаторска конференција да и помогнат на земјата во напорите за стабилизација.
- Ја искористивме приликата да истакнеме две работи. Првата е дека после 17 години од востановувањето на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија земјата има постигнато огромен напредок и дека тој напредок треба да служи како најдобар аргумент за ремоделирање на мисијата на ОБСЕ во Македонија и нејзино усогласување со реформската агенда на земјата во контекст на европските интеграции, рече тој.
Втората поента, како што нагласи Милошоски, беше дека нашата држава во рамките на Македонското претседателство со Советот на Европа е подготвена за зголемена соработка и координација помеѓу Советот на Европа и ОБСЕ и во таа насока разменивме мислења со казахстанскиот колега министер за надворешни работи.
На маргините на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Алмати шефот на македонската дипломатија оствари повеќе билатерални средби со колеги министри за надворешни работи на земјите-членки на ОБСЕ
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448