Банер
Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: Мендух Тачи направил сообраќајна несреќа (Вторник, 07 Февруари 2012 20:06)
Флеш Вести: Граѓански акции за расчистување на снегот во Скопје (Вторник, 07 Февруари 2012 16:33)
Флеш Вести: ВМРО-Обединета преминува во ВМРО-ДПМНЕ (Понеделник, 06 Февруари 2012 17:41)
Флеш Вести: Пронајден машки труп во близина на патот Кичево-Охрид (Недела, 05 Февруари 2012 15:51)

By A Web Design

Нема кој да врши технички преглед на бродовите

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Бродовите кои пловат по Охридското езеро во моментов се технички непроверени, тврдат дел од експертите.

Два месеци по раскинувањето на договорот со германската компанија Лојд, летово нема кој да врши технички преглед на бродовите. Иако министерството за транспорт и врски завчера потпиша договор со француската компанија Биро Веритас за да ја врши таа дејност, сепак факт е дека охридските бродови ќе останат технички неосигурани во текот на главната туристичка сезона.

"Кој сега во овој момент ќе ја сноси одговорноста доколку повторно се случи некој немил настан? Зошто дозволува Охридската капетанија да пловат со комерцијални цели пловни објекти кои не ги задоволуваат условите според законот за безбедна водна пловидба?

Сега имате случај каде туристи се пренесуваат на долги дестинации со нерегистрирани односно технички непрегледани, а можеби и неисправни пловни објекти што е сериозна работа"- Томислав Тунтев-професор по сообраќај на Универзитетот во Битола

Од Здружението на бродари уверуваат дека пловилата кои ги користат се технички исправни и оти нема место за загриженост.

„Според меѓународните правила еден брод може да биде регистриран три месеци пред официјалниот истек и три месеци после официјалниот истек. Бродовите се технички исправни и важи тој дел од практиката кој вели дека после денот на регистрација бродот уште три месеци може да плови, а потоа да се изврши технички преглед“- Горан Устинијановски-претседател на здружение на бродари.

И од Охридската капетанија тврдат дека сè е под контрола. Од Министерството за транспорт и врски информираат дека за неколку дена претставници на француската компанија Биро Веритас ќе дојдат во Охрид за да започнат со детална техничка проверка на бродовите. Потоа ќе се знае кој од нив ќе добие дозвола за пловење, а кој не.
Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

-Вести-

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга