Петок, 16 Јули 2010 18:38
Владејачкото мнозинство и опозицијата денеска на координацијата кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски повтрорно не се договорија за составот на анкетната комисија за инцидентот во Парламентот на 1 јули и за измените на собранискиот Деловник.
Претсавниците на СДСМ и денеска ја напуштија координацијата со образложение дека не било прифатено нивното барање со одлуката за формирање на Комисијата да се утврди и нејзиниот персонален состав, а дури потоа да се разговара за Деловникот.
- СДСМ вчера прифаќајќи го предлогот на ВМРО - ДПМНЕ за формирање на анкетна комисија направи голем политички гест во интерес на граѓаните на Република Македонија. Анкетната комисија може да се смета дека е формирана само доколку е утврден нејзиниот персонален состав. Бегањето на ВМРО - ДПМНЕ од утврдување на составот на комисијата е бегање од расчистување на случајот, изјави координаторот на пратеничка група Цветанка Иванова.
СДСМ, додаде таа, е подготвен откако ќе се затвори прашањето за анкетната комисија да се разговара за сите отворени прашања поврзани со Деловникот.
- За жал, во овој клучен момент наместо да ја прифатат подадената рака, уште еднаш се соочуваме со уцена од нивна страна, додаде Иванова.
Коориднаторот на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева изјави дека жали поради недовербата што ја искажува опозицијата кон парламентарното мнозинство и отфрлањето на гаранциите дадени од претседателот на Собранието дека во пакет по завршувањето на втората точка за која што е свикана денешната координација – Деловникот, ќе се одлучи и за персоналниот состав на анкетната комисија.
Жалам што колегите од опозицијата не смогнаа сили ниту збор да кажат за Деловникот, за да помиенеме на наредното прашање, а тоа е персоналниот состав на анкетната комисија. Претседателот на Собранието даде гаранција дека додека не се затворат сите отворени прашања, и Деловникот и персоналниот состав на анкетната комисија нема да излеземе од координација и нема да се стават точките на дневен ред, рече Бонева.
Таа посочи дека до денеска тие немаат добиено одговор од опозицијата за отстапката што ја направиле од нивните позиции во однос на Деловникот.
- Деловникот е врвниот приоритет за Република Македонија кој што го имаме пред нас. Ние траба да знаеме како пратеници дали опозицијата по отстапките кои што ги направивме ќе го гласа Деловникот со консензус или не, дали има забелешка и дали има можност да разговараме околу нивните забелешки. До овој момент не стана ниту збор за Деловникот. Ако имаше одговор од нивна страна дека отстапките на ВМРО-ДПМНЕ кои што се направија по однос на точка тана дневен ред се прифатливи, ќе поминевме веднаш на персоналниот состав на Анкетната комисија, рече Бонева.
Горан Мисовски од НСДП поддржувајќи го ставот на СДСМ оти без формирање на анкетна комисија првата точка на координациијата не е завршена и не може да се премине кон усогласување за измените на Деловникот, рече дека координациите кај претседателот на Собранието стануваат беспредметни и оти „ВМРО – ДПМНЕ сака да се мајтапи со опозицијата“.
- Имам чувство дека ниту претседателот на Собранието ниту координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ниту имаат мандат да постигнеме компромис ниту пак ВМРО-ДПМНЕ има желба да се формира анкетната комисија, рече Мисовски.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски најави дека ќе закажува координативни средби секој ден се додека не се постигне согласност за анкетната комисија и за измените на Деловникот, со цел да се расчисти инцидентот и да се прати добра порака до Брисел во пресрет на состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448