Банер
Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: Пронајден машки труп во близина на патот Кичево-Охрид (Недела, 05 Февруари 2012 15:51)
Флеш Вести: ВМРО –НП комплетно помина во ВМРО-ДПМНЕ (Сабота, 04 Февруари 2012 21:18)
Флеш Вести: Во Скопје Украдени 60.000 евра од автомобил (Петок, 03 Февруари 2012 17:39)
Флеш Вести: Најавени протести пред Општина Охрид (Петок, 03 Февруари 2012 14:22)
Флеш Вести: Почина новинарката на „Дневник“ Натали Сотировска (Среда, 01 Февруари 2012 18:53)

By A Web Design

Албанчињата не мора да учат македонски!

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Падна на Уставен суд предлогот малцинствата да учат македонски од прво одделение.

Подолго време постоеја препирањата во врска со тоа дали децата од малцинствата во државава треба задолжително да го изучуваат македонскиот јазик, покрај нивниот мајчин, уште од прво одделение.  Меѓународните претставници предупредуваа дека одлуките, кои ги засегаат меѓуетничките односи во земјата треба да се носат внимателно, врз база на претходна јавна расправа и поширок општествен консензус.

Особено остри беа Албанците во државава кои на неколку пати протестираа во врска со ова прашање, а првооделенчињата ја бојкотираа наставата.  Експертите уште тогаш предупредуваа дека решението е незаконско, а иницијативата за укинување на решението на министерот Никола Тодоров, кое стапи на сила во јануари годинава, пред Уставниот суд ја поднесоа ДПА и невладината организација „Реалитети“.  Сега нивната тенденција се оствари со тоа што Уставниот суд на Република Македонија донесе одлука за укинување на решението на Министерството за образование.

Објаснувањето на Уставниот суд е дека оваа сфера била уредена со законски, а не со подзаконски акти.  Според Уставниот суд, со законот за основно образование предвидено е немнозинските заедници, македонскиот јазик да го изучуваат од четврто одделение.  Уставните судии оценуваат дека со донесувањето на решението, министерот за образование излегол од законските овластувања и се вмешал во законодавната власт.

Тодоров експресно реагираше и на брифинг со новинарите ги искара уставните судии дека немале право да го укинуваат решението, кое како што рече, за волја на вистината, во пракса не се ни спроведува.  Тодоров порача дека во случајов зборува како правник, а не како министер, при што на брифингот преферираше да разговара само со новинарите кои го познавале правото затоа што според него само тие можеле да разберат дека неговото решение не било противуставно. 

Министерот за образование смета дека уставните судии направиле грешка бидејќи тој решението го донел како орган на управа и не се вмешал во законодавната власт.  Тодоров смета дека носењето на решение од овој тип му го дозволува законот за управна постапка бидејќи се работи за група на граѓани, а не за целата држава.

 

„Не планирам да отстапам од одлуката, планирам да ги убедувам оние кои што треба да ја применуваат дека примената на оваа одлука е од полза на сите нас кои живееме во Р.Македонија“ - изјави Тодоров.

Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

-Вести-

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга