Сабота, 26 Јуни 2010 06:36
Според белгиското претседателство на Европската унија, прашањето за името меѓу Македонија и Грција може да се движи кон решение и дека тоа може да се постигне во текот на неколку недели.
Вршителот на должноста министер за надворешни работи на Белгија, Стивен Ванацкере, изјави дека тековните разговори меѓу Грција и Македонија може да имаат позитивен резултат кон ова прашање кое го попречува отворањето на преговорите за членство во ЕУ.
"Вчера повторно имав контакти со моите колеги на ниво на надворешни работи. Верувам дека сите се свесни дека дискрецијата во врска со разговорите кои се одвиваат деновиве меѓу претставниците на Грција и поранешната југословенска Република Македонија, можат да водат кон решение, но треба да ја зачуваме доверливоста, бидејќи многу добро знаеме дека станува збор за нешто што треба да се постигне за неколкуте недели кои се пред нас. Затоа не сакам да давам изјави кои можат да му наштетат на овој процес, но верувам дека треба да се најде некое решение“, рече Ванацкере.
По претставувањето на програмата на следното белгиско претседателство во Брисел, вршителот на должноста белгиски премиер, Ив Летерм, истакна дека освен прашањето за името, земјата треба да ги исполни и критериумите од Копенхаген.
"Што се однесува до ставот на Белгија, од една страна ние сме свесни дека треба да се искористи можноста и историската шанса во Европската Унија да се интегрираат балканските земји, меѓу другото и вашата земја.
Но, од друга страна, да судиме врз основа на досиејата да видиме дали се исполнети критериумите од Копенхаген и дали се исполнети сите услови за почеток на преговорите. Јасно е дека до денеска сè уште постои спор со Грција, меѓу другото и овие спорови треба да се решат. Освен овој проблем има и други прашања кои треба да бидат третирани“, истакна Летерм.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448