Петок, 25 Јуни 2010 21:29
Митингот на СДСМ в недела, рекоа денеска од оваа партија, нема да биде за името, туку против политиките на Груевски.
Два дена пред одржувањето, од СДСМ соопштија дека со собирот ќе го означале стартот на барањето за предвремени избори по ноември. Тврдат дека заинтересираноста на граѓаните била толку голема што, иако ги изнајмиле сите расположливи 500 автобуси и 150 комбиња во земјава, сè уште немале доволно за сите заинтересирани. Однапред купиле и билети за патарина.
“Се обидувавме и ги разгледувавме можностите да изнајмиме автобуси од нашите соседни земји Бугарија и Србија, но поради одредени регулативи за одвивање на внатрешниот сообраќај во Република Македонија тоа не можевме да го направиме”, вели Емилијан Станковиќ- портпарол на СДСМ.
Токму во желбата да се покаже дека може да се соберат повеќе луѓе отколку што тоа го стори ВМРО-ДПМНЕ неодамна, поранешниот член на СДСМ, Есад Рахиќ, ја гледа една од причините за митингот. За разлика од него кој смета дека сега не е време за митинг, професорот Назми Малиќи на најавата за собирот гледа позитивно.
“Сега не ни се потребни митинзи затоа што секој митинг чини над 100 илјади евра. Во една држава каде што пациенти умираат затоа што немаат апарати за дијализа, нема средства за дезинфекција, замислете тие две политички партии место парите што ги даваат за митингаштво да ги донираат во здравството во СОС детски села итн, верувајте дека и луѓето ќе почнат повеќе да им веруваат”, смета Есад Рахиќ- поранешен член на СДСМ.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448