Среда, 23 Јуни 2010 19:17
За нецела недела втора средба Груевски - Папандреу. Двајцата премиери денеска се состанаа во Истанбул каде учествуваат на самит во Процесот на соработка на земјите од Југоисточна Европа. Кусиот разговор се одржал за време на работниот ручек. За разлика од минатиот четврток во Брисел кога од македонската влада воопшто и не излегоа со изјава, денеска премиерот Груевски со оцена дека средбата била конструктивна.
“Мислам дека конечно Грција сфати, барем што се однесува на премиерот на Грција, дека од наша страна постои волја за решавање на овој проблем и тој тоа денеска јавно го кажа во неговата изјава. Тој кажа дека ние двајцата сакаме да дојдеме до решение и тоа е добар сигнал од таа гледна точка.”
Папандреу во официјалното обраќање на самиотот рече дека тој и Груевски покренале иницијативи и нови напори под покровителство на ОН да го решат, како што нагласи, многу важното прашање. “Подготвени сме во најкраток рок да го најдеме потребното заедничко прифатливо решение”, посочи Папандреу. И Груевски во својот говор зборуваше за подавање рака за Балканот да се помири и да се поправи сликата за регионот како проблематичен регион.
“Доколку билатералните проблеми и недоразбирања се наметнуваат како критериум, таквата состојба пресликана во нашиот регион ќе предизвика несогледливи проблеми. Статус-кво состојбата во поглед на европските и евроатланските интеграции не носи добро за никого.“ – Никола Груевски, премиер
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448