Среда, 23 Јуни 2010 18:57
Известувачот за Македонија во Европскиот Парламент не е изненаден од невклучувањето на земјава во заклучоците на Советот во Луксембург, нешто што, според Зоран Талер, било очекувано за оние кои ги следат настаните во Македонија.
Во интервју за macedonia-news.info по јасната препорака на комесарот Филе, на високата претставничка Ештон и по повторувањето на истото од страна на генералниот секретар на НАТО, Расмусен дека решавање на проблемот со името е главна пречка за евроинтеграцискиот пат на Македонија, Зоран Талер, го наведува истото.
„Факт е дека решавање на проблемот со името сега е условот „ sine qua non“, кога говориме политички. Затоа, мое лично мислење е дека неплодните разговори кои само даваат слика дека се преговара, за Македонија не функционираат. Ниту времето не работи за Македонија. Јас не велам дека ако не се најде компромис треба да се прекинат разговорите. Но, оваа тактика на покажување конструктивност без конкретен резултат за проблемот, не дава никаков позитивен политички резултат во Македонија. Верувам дека повеќе од било кога е потребно да се најде едно основно решение, на национално ниво и меѓу главните политички партии во Македонија, за тоа што е прифатливо и истото да се каже јавно. Потоа да се обидат да најдат нешто во рамките на тој компромис.“
Во врска со предлозите или можностите за решавање на проблемот околу името, Талер вели дека додека Грција на секои два месеца излегувала со некој можен предлог во медиумите, од Македонија ниту од самите поддржувачи на земјата во ЕУ или на друго место, не знаат што би било прифатливо, а што не. Во меѓувреме, замрзнатата ситуација без конкретни резултати, според Талер, сериозно ја загрозува ситуацијата во Македонија, во регионот, но и во ЕУ.
macedonia-news.info
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448