Вторник, 22 Јуни 2010 20:09

Вчерашниот напад на лидерот на опозицијата е всушност негова одбрана и затскривање да го даде одговорот како ќе го реши спорот со името, оцени денеска премиерот Никола Груевски во Тетово, каде присуствуваше на поставување камен темелник за изградба на инфраструктурата на четвртата технолошка индустриска развојна зона.
- Остана неодговорено прашањето. Црвенковски вчера се обиде да не одговори на прашањето на каков начин и кој му е планот за решавање на спорот со името, што планира да направи кога тој би се нашол во позиција да одлучува, рече Груевски коментирајќи ја вчерашната изјава на претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски.
Груевски рече оти не знае за каков пораз зборува Црвенковски кога токму оваа Влада обезбеди позитивен извештај од ЕУ минатата година и препорака од ЕК.
- Гледано од тој агол ние го направивме максимумот што се очекуваше од една влада да го направи. Сите знаеме дека главен проблем за добивање датум за почеток на преговори е блокадата од Грција за проблемот со името.
Оттука неможам да разберам за каков пораз и за каква победа зборува Црвенковски кога знаеме дека главниот проблем е името.
Прашан за решавањето на спорот за името и неговиот став Груевски повтори дека Владата во континуитет работи на решавање на ова прашање со медијаторот на ОН, Метју Нимиц.
- Кога ќе има нешто подготвено од негова страна ние ќе излеземе со наш став изјави, премиерот.
Груевски исто така одговарајќи на новинарски прашања рече дека за сите барања и идеи кои доаѓаат од коалициските партнери се разговара.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448