Понеделник, 21 Јуни 2010 20:36
Прашањето за името продолжува да ги судира најголемите македонски политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Партијата на премиерот Груевски, повторно го повика лидерот на опозицијата, Бранко Црвенковски, јавно да излезе и да покаже како мисли да го реши прашањето за името. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Црвенковски е подготвен да го прифати секое барање на Грција и оти има тајни разговори со јужниот сосед.
„Позициите на Црвенковски се многу јасни, а тие се во функција на прифаќање на сите грчки барања. Позициите на Црвенковски се многу пати повторени и мислам дека се јасни на граѓаните на Република Македонија, но јасно е дека граѓаните на Република Македонија ја препознаа таа негова политика и едноставно ја отфрлаат”- Влатко Ѓорчев, член на централното раководство на ВМРО-ДПМНЕ
Во меѓувреме, Црвенковски во неговиот противодговор го обвини Груевски за неспособност да ги реши проблемите со кои се соочува земјата.
”Владејте или одете! Владеење значи решавање на проблемите на овој народ и на оваа држава, значи да се соочите и да ја преземете одговорноста за сопствените неуспеси, а не постојано да барате дежурни виновници.
За да имате право да не прашувате како би ги решавале проблемите ќе мора прво јавно да ја преземете одговорноста за поразот во Брисел и јавно да соопштите дека не можете да ја внесете Македонија во НАТО и во ЕУ. Тогаш ќе добиете од одговор на вашите прашања”- Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ
Црвенковски дури изјави дека и тој и неговата партија би биле задоволни доколку има тајни разговори, бидејќи според него, тогаш можеби ќе се постигнело конкретно решение и земјата ќе излегла од ќорсокакот.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448