Понеделник, 21 Јуни 2010 20:25
Чешкиот претседател Вацлав Клаус спорот со името во време на поголеми проблеми во светот го нарече недостоен, но порача Македонија и Грција да преговараат и да не очекуваат решение однадвор.
По денешната средба со претседателот Ѓорге Иванов во Скопје, Клаус порача дека двете земји мора да дојдат со решение што нема да биде наметнато, туку ќе биде прифатено и од Скопје и од Атина.
„Се согласувам со ставот на претседателот Иванов дека не е возможно да се добие некакво решение однадвор со кое не би се согласиле граѓаните на државите. Тоа е нешто основно и не е можно да се постапува на друг начин. Јас велам да се преговара, но да се чека на спасение одозгора, тоа е невозможно“, рече претседателот Клаус.
Претседателот Иванов пред високиот гостин изрази подготвеност за компромис, што нема да го загрозува националниот, јазичниот и културниот идентитет на македонскиот народ. Смета дека, засега, не е потребно свикување на лидерска средба во однос на ова прашање.
„Процесот се води во Обединетите Нации. Очекуваме предлог од Нимиц. Кога ќе дојде таков предлог, тогаш не очекува она што треба да го постигнеме – да го хомогенизираме општеството и да дојдеме до заеднички став.
Се додека не добиеме ние она од што е официјалната постапка во Обединети Нации, нема за што да разговараме“, рече претседателот Иванов.
Нарекувајќи го својот чешки колега „вистински реформатор, признат демократ и голем пријател на Македонија“, претседателот Иванов дека покрај добрите политички односи, и економската соработка оди во нагорна линија.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448