Понеделник, 21 Јуни 2010 19:07
Македонскиот министер за надворешни работи и претседател на Комитетот на министрите на Советот на Европа, Антонио Милошоски по обраќањето пред Парламентарното Собрание на Советот на Европа, одговори и на серија прашања поврзани директно со внатрешната ситуација во Македонија и проблемот со името.
Француската парламентарка Мари-Ивон Блондон го запраша министерот Милошоски за етничкиот соживот во земјата, повикувајќи се на проектот Скопје 2014, кој според неа проектот е доказ за поделбите и политичката тензија исто како и двојазичната настава. Дали рамковниот договор потпишан пред девет години треба да биде обновен, праша таа.
Милошоски на ова прашање одговори дека Македонија не е идеална земја и оти таа не претендира дека е идеално општество. - Но со оглед на контекстот, од нашата независност Македонија успеа, понекогаш и во не многу поволни услови, да одржи поволни меѓуетнички односи: ние имаме цел да развиеме, функционална демокрартија во едно мултиетчничко општество. Имаме иста цел што сите ја делиме за меѓуетнички соживот, рече Милошоски.
Шефот на грчката делегација при ПС на СЕ, Костантинос Вретос ја обвини Македонија и министерот Милошоски дека ја злоупотребува функцијата претседавач со Комитетот на министрите, со употребата на името Македонија...
- Зошто го користите името Македонско претседателство, кога вашата земја се нарекува поинаку според резолуцијата на ОН, користењето на терминот Македонско претседателство е погрешно, нагласи Вретос.
- Ние не се спротивставуваме на резолуциите и немаме лоша намера користејќи го името Македонско претседателство, ние ги почитуваме и ќе ги почитуваме одлуките на ОН во целост. Истовремено ја следиме практиката воспоставена од Кралството Шпанија, за време на нејзиното претседателство, потоа Словенечкото и другите претседателства. Не знам какво име ќе користи турското претседатлество ние нема да се спротивставиме на тоа, одговори Милошоски.
Тој, потоа додаде дека Македонија инвестира многу во билатералниот дијалог за решавање на спорот за името, тој притоа истакна дека жителите на Македонија како и жителите на Грција посакуваат овој спор стар 18 години конечно да најде решение. - Ние се надеваме дека ќе најдеме заемно прифатливо решение во најкраток рок, изјави Милошоски.
Литванскиот парламентарец Егидиус Варијакис постави прашање: „Кое е името на Македонија? Како се викате? Ние секогаш велевме Македонија, но како треба да се рече?“
На ова прашање, министерот Милошоски побара да одговори како шеф на македонската дипломатија, а не како претседавач со Комитетот на министри.
Во својство на министер за надворешни работи на РМ можам да ви кажам дека мојата земја навистина сака да има и има добрососедски односи со сите соседи вклучувајќи ја и Грција во областа на трговијата, економијата, туризмот и соработката функционира добро. На политички план постои спорот околу името кој трае веќе 18 години, но ние се обидуваме да го решиме преку дијалог. Сакам да ги осигураме нашите пријатели од Грција дека Република Македонија е земја која прави напори за демократски развој и стабилност на целиот регион со учество и партнерство на сите наши соседи во рамки на регионалната соработка и во идната соработка со ЕУ, изјави шефот на дипломатијата.
Најголемиот дел од другите прашања на парламентарците поставени до министерот Милошоски се однесуваа на другите горливи конфликти во Европа – Киргистан, Азербејџан и, пред се, институционалните реформи на Советот на Европа.
Многу членови на ПС на СЕ ја поздравија соработката која постои меѓу македонскотот претседателство со Комитетот на министрите и ПС на СЕ за спроведувањето на приоритетните реформи на организацијата и прд се програмските приоритети во областа на младите и дијалогот на цивилизациите
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448