Недела, 20 Јуни 2010 17:08
Ако Бранко Црвенковски има решение за спорот околу името, треба да излезе и да ѝ соопшти на јавноста кое е решението.
Вака ги коментираше изјавите на лидерот на СДСМ, премиерот Никола Груевски, кој изрази оптимизам дека до самитот на НАТО во Лисабон може да има некое прифатливо решение за двете страни.
„Би било редно, кога кажува дека од ноември тој би се залагал за нова политичка сила која брзо би го решила проблемот со името, да í каже на јавноста дали нешто договорил, дали договара, дали планира и ако има нешто што планира“, изјави Груевски.
Следуваше експресна реакција од СДСМ, според која, срамно е тоа што владата мисли дека митингот на 26 јуни има врска со разговорите за името.
„Срамота е човекот кој ја има целата власт во државава и има директни средби со грчкиот премиер да ја обвинува опозицијата дека нешто тајно договара. Ако не му се јасни досега, ќе му ги повториме причините за нашиот протестен митинг: СДСМ сака Македонија да биде победничка! Ако Груевски мисли дека Македонија победува, сигурно мисли за себе и за својата фамилија.
Ние мислиме дека Македонија во моментов губи на секое поле: во економијата, во здравството, во социјалата, а нашата меѓународна позиција е катастрофална. Ете затоа го правиме протестниот митинг пред Владата, вели Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ.
Неколку дена претходно лидерот на СДСМ рече дека неговата партија до одржувањето на НАТО самитот во ноември нема да поддржи предвремени парламентарни избори.Но, ако резултатот од тој самит е негативен за државата, тогаш државата треба да ја води нова политичка структура. Предвремени парламентарни избори побараа и од партијата на Љубе Бошкоски, Обединети за Македонија, додека според Љубчо Георгиевски, клучот за предвремените избори во Македонија е кај албанскиот коалиционен партнер во владата, ДУИ.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448