Недела, 20 Јуни 2010 17:04
Ние го доживуваме како успех секој успешно завршен реформски процес и секој успешно завршен критериум за членство
Ова го изјави вицепремиерот за евроинтеграции, Васко Наумоски запрашан дали го доживува како неуспех фактот што Македонија не се најде на дневен ред на самитот на ЕУ во Брисел.
„Македонија ќе продолжи успешно да ги спроведува критериумите за членство, без разлика на она што се случи. Ние ќе продолжиме со реформскиот процес. Ние и пред тоа најавуваме дека нема да не изненади доколку Грција уште еднаш го блокира почетокот на преговорите, но уверени сме дека државите членки на ЕУ и во иднина и самите институции на ЕУ и во иднина ќе продолжат да го вреднуваат напредокот на Македонија , заснова на реформите што се спроведуваат и засновано на критериумите за членство“ рече Наумовски и додаде дека за него не е изненадување исходот на самитот..
На прашање дали има можност владата да ја прифати иницијативата на Европската иницијатива за стабилност, тој вели дека се разгледуваат сите предлози што се понудени.
„Македонија останува посветена на продолжување на преговарачкиот процес што се води под покровителство на Обединетите нации и сите предлози кои што евентуално ќе бидат понудени се разгледуваат во рамките на тој процес“ вели Наумовски.
Европската иницијатива за стабилност вчера излезе со предлог како да се надмине македонско – грчкиот спор околу името. ЕСИ предложи промена на македонскиот Устав со евентуалното компромисно име кој би стапил на сила тогаш, кога Македонија ќе стане полноправна членка на Европската унија.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448