Четврток, 17 Јуни 2010 22:41
Со три мерки може да се направи целосен пресврт во економијата, но нема да ги кажеме сега, туку на избори, во четврток на прославата на одбележувањето на 20-годишнината од возобновувањето на идејата на ВМРО, го изјави почесниот претседател на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски
Во своето обраќање на свеченоста, на која присуствуваа приврзаници на партијата, како и поранешни пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Георгиевски остро реагираше на неодамнешните изјави од поранешните негови сопартијци, дека него го немало на списокот основачи на ВМРО-ДПМНЕ.
„Не разбирам зошто е таа постојана потреба од бришење на вистината и историјата? Мислев дека тоа е карактеристика на комунистичките режими“, рече Георгиевски, при тоа додавајќи дека никој нема право да го брише неговото име од историјата на партијата.
Тој ја запраша партијата на власт зошто и биле потребни 50 дена да го слави роденденот и да приредува карневал низ скопските улици.
Почесниот претседател на ВМРО-НП се наврати на деновите пред 20 години кога е основано ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека многумина се декларирале за основачи на партијата, но дека подоцна, се откажувале од партијата.
„Кој имаше храброст во таа далечна 1990. година да излезе и да извика сакаме македонска војска, македонски пасоши, пари...Кој се потпишуваше на документите, кој излегуваше на трибини, дебати, во весниците, да ги објаснува позициите зошто го бараме тоа“, запраша Георгиевски.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448