Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: Мендух Тачи направил сообраќајна несреќа (Вторник, 07 Февруари 2012 20:06)
Флеш Вести: Граѓански акции за расчистување на снегот во Скопје (Вторник, 07 Февруари 2012 16:33)
Флеш Вести: ВМРО-Обединета преминува во ВМРО-ДПМНЕ (Понеделник, 06 Февруари 2012 17:41)
Флеш Вести: Пронајден машки труп во близина на патот Кичево-Охрид (Недела, 05 Февруари 2012 15:51)

By A Web Design

Ништо ново од средбата Груевски-Папандреу

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Ништо ново oд петтата очи в очи средба на премиерите на Македонија и Грција.

Уште еднаш, според официјалното владино соопштение, изразиле поддршка за преговорите под покровителство на Метју Нимиц и подготвеност „за наоѓање заемно прифатливо решение коешто нема да нанесе штета на ниту една од двете страни“. Други детали од македонска страна нема. Но, заменик-шефот на грчката дипломатиј,а Димитрис Друцас, со директна порака до официјално Скопје: Датум за преговори нема, сè додека не се реши спорот со името.

„Мојата порака до луѓето во вашата земја е дека Грција е подготвена и има волја за решение, а мојот повик е дозволете ни да седнеме на маса на конструктивен начин под покровителство на ОН и да најдеме решение за спорот со името.

Штом тоа решение е најдено, тогаш веднаш можеме да почнеме со преговорите за во ЕУ. И дозволете ми да повторам нешто што сум го кажал и во минатото. Тоа е дека штом вашата земја може да ги почне преговорите ќе најдете во Грција најискрен, најзначаен  и највреден партнер“, истакна Друцас.
Прашан дали средбата Груевски – Папандреу донесе некој напредок, Друцас рече дека „премиерите не преговараат, бидејќи процесот се води под закрила на ООН“ и оти целта на овие средби е да се даде импулс на севкупните односи. Пораката од Грција, вели тој, е дека таа „е подготвена и ние чекаме и лидерството во Скопје да дојде со истиот конструктивен пристап и да седнеме на преговарачка маса во ООН“.

 

Друцас не сакаше да ги коментира последните шпекулации за наводно нов предлог „Република вардарска Македонија“, но потенцираше дека Атина е подготвена да разговара за секој предлог кој го исполнува клучниот услов – име со географска одредница за сите.

 

Одговор на ваквите пораки од Грција, од македонска страна засега нема. А, исходот за Македонија и од овој европски самит, на чии маргини беше и средбата Груевски – Папандреу, е статус кво. Пораката од Брисел е идентична со грчката – за напредок е потребно решение во спорот околу името.

Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

-Вести-

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга