Банер
Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: ВМРО –НП комплетно помина во ВМРО-ДПМНЕ (Сабота, 04 Февруари 2012 21:18)
Флеш Вести: Во Скопје Украдени 60.000 евра од автомобил (Петок, 03 Февруари 2012 17:39)
Флеш Вести: Најавени протести пред Општина Охрид (Петок, 03 Февруари 2012 14:22)
Флеш Вести: Почина новинарката на „Дневник“ Натали Сотировска (Среда, 01 Февруари 2012 18:53)

By A Web Design

Никола Груевски на прославата на 20-от роденден на ВМРО-ДПМНЕ

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

„ВМРО-ДПМНЕ никогаш не сакало ништо туѓо, ниту туѓа земја, ниту туѓ идентитет, ниту било што. Затоа порачуваме дека нема да дозволиме да ни го земат тоа што е наше“, рече вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на прославата на 20-от роденден на ВМРО-ДПМНЕ

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ останува фокусирано на процесот за изнаоѓање на решение за спорот со името.

„ВМРО-ДПМНЕ нема намера интересите на својот народ и држава да ги тргува за било што и за било кого, колку и да е тој поголем и посилен. Секој кој игра на картата на уцени, на блокади или на закани треба да знае дека си го губи времето. Еве, три години ни вршат разни притисоци,а во последните четири-пет месеци поминавме и низ најжестоките притисоци да прифатиме работи кои не се за прифаќање“, рече Груевски.

Тој рече дека доколку се јави подготвеност за решение на спорот со името, кое како што посочи нема да направи штети на никого, ВМРО-ДПМНЕ ќе распише референдум чија одлука, како што рече, каква и да е ќе биде спроведена.

Груевски порача дека Владата не се откажува од реформите потребни за членство во ЕУ и НАТО, но дека земјата нема да се откаже од својот идентитет.

„Ние ќе продолжиме со реформите, не за да ги задоволиме бирократите во Брисел, туку да создадеме ефикасна држава, ефикасна економија и подобар квалитет за нашите граѓани“, рече Груевски.

Тој ги поздрави и основачите на партијата и претходниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, за влогот што тие го дале за ВМРО-ДПМНЕ.



Под мотото „За татковината се работи“, од трговскиот центар „Палома Бјанка“ до Собранието на Република Македонија, по целата должина на улицата „Вељко Влаховиќ“, симпатизерите и членовите го прославија 20-от роденден на партијата.

 

 


 

Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

-Вести-

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга