Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: ВМРО –НП комплетно помина во ВМРО-ДПМНЕ (Сабота, 04 Февруари 2012 21:18)
Флеш Вести: Во Скопје Украдени 60.000 евра од автомобил (Петок, 03 Февруари 2012 17:39)
Флеш Вести: Најавени протести пред Општина Охрид (Петок, 03 Февруари 2012 14:22)
Флеш Вести: Почина новинарката на „Дневник“ Натали Сотировска (Среда, 01 Февруари 2012 18:53)

By A Web Design

Опозициската СДСМ организира протест против Владата на Македонија, на 27 јуни

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Опозициската СДСМ организира протест против Владата на Македонија, на 27 јуни, на кој ќе покажат дека се побројни од владејаката ВМРО-ДПМНЕ, најави денекса на прес-конференција, лидерот Бранко Црвенковски

„Македонија ќе го покаже својот лик, ќе ја покаже својата големина и храброст, ќе го дигне својот глас на 27ми јуни, ден–недела на големиот протестен митинг организиран од страна на СДСМ пред Владата на Република Македонија.
„Ние сме за победничка Македонија“ е слоганот со кој ги повикуваме сите наши граѓани без разлика на нивната партиска, етничка или верска определба, да ни се придружат. Работите не се менуваат со молчење, со наведната глава и тргање на страна.

На 27ми јуни ќе покажеме дека сме повеќе, дека сме посилни, дека сме храбри и одлучни! На 27ми јуни ќе покажеме дека Македонија е решена да успее, да биде победничка!“, рече Црвенковски.

Македонскиот народ е поделен народ, смета лидерот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски, при што тврди дека тоа е единствената намера на премиерот Груевски во која успеал со поделбите на на патриоти и предавници, на антички и словенски, на верници и неверници, на транзиционери и преродбеници.

Според Црвенковски, вчера на прославата на 20 роденден на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија и светот имаше можност да ги види „самонаречените патриоти, наградените, привилегираните, задоволните со оваа статус-кво ситуација и во многу поголем број уценетите, заплашените, притиснатите, оние чија егзистенција и семејства зависат од милоста на властодршците“.

Постои уште една, многу поголема и многу побројна Македонија. Македонија на разочараните и обесправените; на храбрите и покрај сите заплашувања и закани; на гордите и покрај сите понижувања! Македонија која не ја прифаќа улогата на жртва, не ја прифаќа изолацијата и бесперспективноста. Македонија која сака да чекори напред, која сака да ги менува работите, која сака да победува...

Македонија на вистинските патриоти!“, рече Црвенковски.

Како причина за протестот што ќе го организираат Црвенковски ја наведе четиригодишна целосна власт на ВМРО-ДПМНЕ под која Македонија е  сиромашна, економијата е разорена, здравството во колапс, образованието разнебитено.

Тој вели дека демократијата и слободата не се почитуваат, а меѓуетничките односи се влошени и евро-атлантските интеграции целосно блокирани.

„Пред два дена видовме, Македонија е земја избришана од дневниот ред на Брисел, држава без перспектива и сигурна иднина. Синоќа очекувавме од Груевски да слушнеме каде тој и неговата партија имаат намера да го водат овој народ и оваа држава, кои се клучните цели и како и кога тие ќе бидат постигнати“, рече Црвенковски.

Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

-Вести-

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга