Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: ВМРО –НП комплетно помина во ВМРО-ДПМНЕ (Сабота, 04 Февруари 2012 21:18)
Флеш Вести: Во Скопје Украдени 60.000 евра од автомобил (Петок, 03 Февруари 2012 17:39)
Флеш Вести: Најавени протести пред Општина Охрид (Петок, 03 Февруари 2012 14:22)
Флеш Вести: Почина новинарката на „Дневник“ Натали Сотировска (Среда, 01 Февруари 2012 18:53)

By A Web Design

ВМРО-ДПМНЕ слави 20 години постоење

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

 Во центарот на Скопје вечерва почна прославата на ВМРО-ДПМНЕ со која владејачката партија одбележува 20 години од формирањето.

По повод дведецениското постоење, на роденденскиот хепенинг, кој почна со музичка програма и се одржува под мотото „За татковината се работи - 20 години ВМРО-ДПМНЕ“,  ќе се обрати лидерот и актуелен премиер Никола Груевски, како и Владо Трнталовски, еден од основачите на партијата, и Хенри Боне, директор на канцеларијата на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Скопје.

Присутни се граѓани од целата дражава, членови на партијата и на Владата, претставници од други политички партии - коалициски партнери на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалници од нејзините редови.     

На оваа централна прослава и претходеа серија настани - промоции, трибини и дебати за теми поврзани со историјатот на партијата и за актуелни настани.

ВМРО-ДПМНЕ е основана на 17 јуни 1990 година во Скопје, како наследник на историското ВМРО, кое се залагаше за независна и самостојна Македонија.  Новосоздадената партија ВМРО-ДПМНЕ од формирањето се залагаше за одделување на Македонија од југословенската федерација, воскреснувајќи ја идејата за самостојна и суверена македонска држава, за заокружување на македонската државност и за меѓународно признавање.

Првиот конгрес на партијата се одржа на 6 и 7 април 1991 година во Прилеп. Мотото на Конгресот беше „Самостојна и независна Македонија - Воскреснување на идејата за самостојност“. За прв претседател на партијата беше избран Љубчо Георгиевски. На 6 и 7 мај 1995 година во Кичево се одржа вториот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, каде партијата ја доби својата идеолошка определба - демохристијанска партија што дејствува десно од центарот.

Актуелниот претседател на партијата и премиер Никола Груевски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ беше избран на конгресот што се одржа на 24 и 25 мај 2003 година во Охрид.

Новоформираната ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу пратенички места - 38 на првите повеќепартиски парламентарни избори во Република Македонија во ноември 1990 година. Поради забелешки за нерегуларности, партијата ги бојкотираше парламентарните избори во 1994. На следните во 1998 година ВМРО-ДПМНЕ победи со освоени 49 места во Собранието и заедно со партанерите од коалицијата „За промени" ја формира Владата што ја предводеше Љубчо Георгиевски.

На четвртите парламентарни избори во септември 2002 година ВМРО- ДПМНЕ настапи во коалиција со ЛП и доби 33 пратенички места.

Партијата се враќа на власт во 2006 по победата на петтите парламентарни избори. Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, освои 44 пратенички мандати. Мандатот за формирање нов владин кабинет му беше даден на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој на 28 август беше избран за претседател на владата.

Пратеничкиот состав во Собранието избран во 2006 година функционираше до 12 април 2008 кога парламентраците донесоа одлука да се самораспуштат и да бидат распишани превремени парламентрани избори на 1 јуни. ВМРО-ДПМНЕ повторно ја освои довербата на гласачите, освојувајќи заедно со партнаерите од коалицијата „За подобра Македонија“ 63 места во 120- членото Собрание. Владиниот кабинет повторно го состави Груевски.

Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

-Вести-

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга