Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: Мендух Тачи направил сообраќајна несреќа (Вторник, 07 Февруари 2012 20:06)
Флеш Вести: Граѓански акции за расчистување на снегот во Скопје (Вторник, 07 Февруари 2012 16:33)
Флеш Вести: ВМРО-Обединета преминува во ВМРО-ДПМНЕ (Понеделник, 06 Февруари 2012 17:41)
Флеш Вести: Пронајден машки труп во близина на патот Кичево-Охрид (Недела, 05 Февруари 2012 15:51)

By A Web Design

Против Ерменија со бремето од Словачка

PDFПечатиЕ-пошта

Спорт

Македонската фудбалска репрезентација, која се' уште е под импресија од несреќниот пораз во Братислава, денеска во Скопје го игра вториот дуел во групата Б од квалификациите за ЕП 2012

Психолошкиот момент по наивниот пораз од Словачка ќе биде единствена пречка денеска (20 ч.) фудбалската репрезентација на Македонија на арената „Филип Втори“ во Скопје да го победи аутсајдерот Ерменија во второто квалификациско коло за пласман на Европското првенство 2012 година, согласни се во таборот на националниот тим. 

- Тоа беше навистина несреќен пораз, го имавме заслужениот бод в џеб, но на крајот останавме куси. Тоа секако ќе влијае негативно, особено што се случи пред само три дена. Но се обидуваме тоа што побргу да го заборавиме и да го оставиме зад нас - изјави Горан Пандев, најдобриот македонски фудбалер.

Селекторот Мирсад Јонуз по исклучувањето во Словачка е суспендиран за овој меч и средбата ќе ја следи од трибините, а неговото место ќе го заземе помошникот Влатко Костов. 

Денешната средба со Ерменија остана во сенка за време на средбата на новинарите со претставниците на најдобрата македонска селекција, а приоритет беше давањето отчет за поразот од Словачка. Јонуз мораше да одговара зошто го замени офанзивецот Иван Тричковски со дефанзивецот Бобан Грнчаров во моменти кога нашите беа блиску до победа и зошто репрезентација играше како парализирана по исклучувањето на Ванче Шиков.

- Сето тоа наметнува психолошки притисок над нас. Веднаш по исклучувањето на Ванче Шиков дозволивме гол во последните моменти, иако постоеја услови да го контролираме мечот. Моите избраници се исплашија по доделениот црвен картон, но јас не ги обвинувам, бидејќи останувањето присебен во такви моменти се учи од мали нозе, а во нашиот фудбал не се работи на тој план. Инаку, одлучив да внесам одбранбен играч на местото на напаѓач затоа што во тие моменти Словачка играше со четворица класични напаѓачи - истакна Јонуз. Тој најави три нови освежувања во однос на оние стартни 11-мина во Братислава.

- Се работи за две квалификациски средби една по друга, па ќе направам по една промена во одбраната, средниот ред и нападот. Овојпат во нападот ќе играме со тројца фудбалери, а и бековите ќе играат поофанзивно. Најважно во мечот со Ерменија е да се остане смирен и да ја избегнеме нервозата - наведе селекторот.

Александар Тодоровски ќе добие шанса на бековската позиција, во креирањето на играта би можел да помогне Марио Ѓуровски, а нападот би го засилил корпулентниот Стевица Ристиќ, кој како резерва имаше забележителен настап во Словачка и ќе треба да му помогне на Илчо Наумоски и Горан Пандев.

Од стручниот штаб веруваат дека за три дена успешно ќе ја трансформираат тактиката од улога на аутсајдер во Братислава до фаворит во Скопје. Ерменија ќе размислува онака како што се поставивме ние во Словачка.

- Нашите играчи се флексибилни и се прилагодуваат на повеќе начини и стилови на игра - гласеше објаснувањето на Јонуз.

Дефанзивецот Николче Новески верува дека поразот е веќе заборавен.

- Добро е тоа што имаме прилика средбите на домашен терен да ги започнеме со победа. Треба да постигнеме рано гол, а потоа да го контролираме мечот - смета командантот во одбраната.

Во таборот на македонската репрезентација беше и голманот Томе Пачовски, кој со скршена нога дојде да им даде поддршка на своите колеги од националниот тим. Јужната трибина на стадионот Филип Втори, иако првично беше пуштена во употреба за средбата Работнички - Ливерпул, ќе биде затворена и ќе продолжи да се реконструира.

 

Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

-Вести-

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга