Сабота, 21 Август 2010 05:42
Европската фудбалска федерација го казни скопски Работнички со десет илјади евра заради расизмот на неговите навивачи, јави во петок навечер Mailonline
Инцидентот според соопштението на УЕФА се случи на првиот натпревар во 3-то претколо од Европа лигата, кога на скопската арена „Филип Втори“ Работнички преd повеќќе од 22 илајди гледачи го пречека голeмиоt фаворит Ливерпул.
Како што пренесува Mailonline, според УЕФА црнокожите играчи на „редсите“ Давид Нгог кој ги постигна двата гола на тој натпревар и Давид Аму биле навредувани при секој контакт со топката.
Ова репортерите од Македонија не го забележаа, како што веруваме и сите останати присутни на таа вечер на стадионот.
Точно е дека еден играч на Ливерпул беше исвиркуван при секое негово сретнување со топката, но тоа беше Гркот Кирјакос.
Меѓутоа, порталот ја презентира фотографијаta за која тврди дека е направена на скопскиот стадион на мечот Работнички – Ливерпул 0:2, која била наводниот доказ за расизмот на навивачите на „романтичарите“.
Изјавата на УЕФА гласи: „Телото за контрола и дисциплински постапки го казни со 10 илајди евра ФК Работнички заради дискриминаторското однесување на неговите навивачи на натпреварот од УЕФА Европа лигата, во третото квалификациско коло на првиот натпревар против Ливерпул на 29-ти јули во Скопје“.
Сепак, ние остануваме на ставот дека станува збор за издвоен инцидент а не за постојани навреди и скандирања кон двајцата црни фудбалеи, и најверојтно не со вистинска расистичка намера, познавајќи ги македонските навивачи.
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448