Среда, 18 Август 2010 05:23
Кошаркарската репрезентација на Македонија ја забележа четвртата победа во квалификацискиот циклус за пласман на ЕП.
Во салата „Борис Трајковски“, Македонија ја победи Украина со 71:55 (21:19, 14:10, 18:12, 18:14).
Потешко од прогнозите и очекувањата избраниците на селекторот Докузовски ја запишаа толку посакуваната победа. Украина се покажа како тврд и незгоден противник и се до почетокот на третата четвртина имаше резултатски приклучок со нашата репрезентација.
Натпреварот, македонските кошаркари го отворија мошне нервозно, очигледно значењето на мечот го направи своето.
Сепак, благодарение на Тодор Гечевски кој во провото полувреме постигна 13 поени, Македонија по две четвртини имаше предност 35:29.
Во вториот дел „црвено-жолтите“ незначително го поправија шутот од поле, но благодарение на одбраната која функционираше во текот на целиот натпревар, на крај забележаа убедлива победа.
Четворица кошаркари во нашиот тим, натпреварот го завршија со двоцифрен број на поени: Мекејлеб 18, Антиќ 16, Гечевски 13 и Самарџиски 10.
Следниот натпревар Македонија го игра веќе во петок кога ќе и гостува на Унгарија
| < Пред | Следно > |
|---|
Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе 046 263 448