Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: ВМРО –НП комплетно помина во ВМРО-ДПМНЕ (Сабота, 04 Февруари 2012 21:18)
Флеш Вести: Во Скопје Украдени 60.000 евра од автомобил (Петок, 03 Февруари 2012 17:39)
Флеш Вести: Најавени протести пред Општина Охрид (Петок, 03 Февруари 2012 14:22)
Флеш Вести: Почина новинарката на „Дневник“ Натали Сотировска (Среда, 01 Февруари 2012 18:53)

By A Web Design

Кај Свети Наум пронајдена рачна бомба од Првата светска војна.

PDFПечатиЕ-пошта

Занимливости

Понеделник, 30 Јануари 2012 18:20

stara-granataПрипадници на Граничната полиција на државниот премин „Свети Наум“ на македонско-албанската граница пронашле неексплодирана рачна бомба, од периодот на Првата светска војна.

Веднаш по откривањето на бомбата, била информирана охридската Дирекција за заштита и спасување, чии припадници презеле оперативни мерки за нејзино остранување.

Повеќе...

 

На скопскиот аеродром запленета голема количина скапи мобилни телефони

PDFПечатиЕ-пошта

Занимливости

Петок, 13 Јануари 2012 17:49

mobile phoneМакедонската царина утринава на скопскиот аеродром „Александар Велики“ заплени 770 мобилни телефони од марките iPHONE, HTC, Nokia, Samsung. Од нив, за околу 240 постои сомнение дека се фалсификат, односно се прекршени правата на интелектуална сопственост.

Телефоните се најдени кај двајца косовски државјани со патни исправи од Србија и според нивните искази биле набавени од Дубаи и наменети за косовскиот пазар. Телефоните биле спакувани во четири патни торби и една хартиена кеса. Пронајдени се само апратите, додека кутиите и батериите за телефоните се претпоставува дека се транспортирани на друг начин.

Повеќе...

 

Во Охрид ќе се вари рибина чорба во казан од три тони!

PDFПечатиЕ-пошта

Занимливости

Среда, 11 Јануари 2012 14:55

burinja-vn

Казан од три тони ќе биде поставен на просторот каде некогаш се наоѓаше охридската градска библиотека, а во него ќе се подготвува рибна чорба која ќе можат да ја вкусат посетителите на манифестацијата посветена на охридските рибари, што традиционално се одржува ден по големиот верски празник Богојавление – Водици, на 20-ти јануари, пишува „Ohridnews“.

Поради се поголемиот интерес на охриѓани и гостите за оваа манифестација, организаторот, Здружението на граѓани „Богојавление“ годинава реши наместо на Сараиште истата да се одржи на градското пристаниште.

Повеќе...

 

Охрид распиша тендер ќе се реконструира јавното осветлување во Охрид

PDFПечатиЕ-пошта

Занимливости

Среда, 11 Јануари 2012 14:15

Ohrid by_nightОпштина Охрид објави тендер за склучување договор за јавно партнерство со субјект што ќе изврши реконструкција, модернизација и одржување на јавното и улично осветлување во градот Општинската Комисија за спроведување на постапката го објави отворениот повик, со право на учество на домашни физички и правни лица, под услови утврдени во Законот за концесии и други видови на јавно-приватно партнерство и тендерската документација.

Повеќе...

 

Објавена книга за македонскиот карате кид Пеце Наумовски

PDFПечатиЕ-пошта

Занимливости

Понеделник, 09 Јануари 2012 21:09

mk-karate-kid-pece-naumovskiКарате приказната на Македонецот Пеце Наумовски од Мелбурн доби свое монографско издание на 250 страници од авторот Ицо Најдовски - Перин.„На овие страници е сместена многу интересна, доста необична, возбудлива и несекојдневна сага. Вистинска модерна сторија, со богато испишани страници за четиринаесетте години на одличниот ученик и супер млад спортист. Пеце е исклучително вреден, упорен, весел, разговорлив и комуникативен. Но, е бескомпромисен борец со карате - ривалите, без разлика на кои мегдани и на кои меридијани по светот се одржуваат натпреварите, се манифестираат вештините и се одмеруваат силите", вели Најдовски.

Повеќе...

 
 

Најголемиот коледарски оган синоќа беше запален во Негорци

PDFПечатиЕ-пошта

Занимливости

Петок, 06 Јануари 2012 17:51

negorci-oganЗа Бадник, ширум Македонија, традиционално горат бадниковите огнови, кои, по народното верување, го најавуваат Христовото раѓање.Сепак, едно нешто што останува како традиција е атрактивното палење на најголемото дрво во Македонија, кое се пали во таканареченото Старец маало во Гевгелиското населено место Негорци.

По 14-ти пат, и оваа година, жителите на оваа маало запалија огромно шупливо јаворово дрво, кое гореше до длабоко во ноќта. Се работи за дрво кое е шупливо и кое не вегетира, и кои мештаните го вадат од реките кои течат околу Негорци. Многубројни жители од Негорци и од Гевгелија, како и од другите околни населени места го прославуваа Бадник, со музика и оро, варена ракија и пржена риба.

Повеќе...

 
 

Обединета Македонска Дијаспора назначи директор за комуникација

PDFПечатиЕ-пошта

Занимливости

Среда, 04 Јануари 2012 18:35

Branov-omdОбединетата Македонска Дијаспора  назначи портпарол на оваа светска Македонска организација. Портпарол на ОМД и Директор за односи со јавноста и за комуникации е Марк Бранов од Торонто, Канада. Бранов во последниве неколку години работеше за ОМД во САД, Австралија, Канада и во Европа.Улога на Бранов ќе вклучува надзор на ОМД комуникации и публикации, и тесна соработка со претседателот на ОМД и Одборот на директори на разни нови иницијативи.

Повеќе...

 
 

Среќна нова 2012! Од Редакцијата на Macedonia News

PDFПечатиЕ-пошта

Занимливости

Недела, 01 Јануари 2012 00:13

Редакцијата на Macedonia News им посакува на сите читатели  многу среќа ,љубов и радост во новата 2012 година !srekna-nova-2012-mkdnews

 
 

Страница 1 од 10

Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга