Банер
Red Purple Black
Банер
Банер
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
Флеш Вести: ВМРО –НП комплетно помина во ВМРО-ДПМНЕ (Сабота, 04 Февруари 2012 21:18)
Флеш Вести: Во Скопје Украдени 60.000 евра од автомобил (Петок, 03 Февруари 2012 17:39)
Флеш Вести: Најавени протести пред Општина Охрид (Петок, 03 Февруари 2012 14:22)
Флеш Вести: Почина новинарката на „Дневник“ Натали Сотировска (Среда, 01 Февруари 2012 18:53)

By A Web Design

Денеска ВМРО-НП избира в.д претседател на партијата

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Недела, 05 Февруари 2012 10:35

vmro-npСедницата се одржува по само неколку дена откако актуелниот претседател Маријан Додовски соопшти дека партијата згаснува и дека тој и поголемиот дел од членството се враќаат во ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна, почесниот претседател на партијата Љубчо Георгиевски ги негираше ваквите изјави на Додовски и најави консолидирање на партијата. „Љубчо Георгиевски ќе биде предложен за в.д претседател на партијата, се до свикувањето на вонредниот конгрес на кој се очекува Георгиевски официјално да биде изгласан за претседател на ВМРО-НП.

Повеќе...

 

Одбележани 140 години од раѓањето на Гоце Делчев

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Недела, 05 Февруари 2012 00:05

g.delcevpanihidaСо литургија и свежо цвеќе беа одбележани 140 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев на неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Митриополитот на Скопската епархија Кирил во панихидата за Гоце и за другите жртви од илинденскиот период рече дека не пожалиле херојски да умрат за слободата на татковината, „за да живеат овенчани со ореолот на вечна слава“.

Повеќе...

 

ВМРО –НП комплетно помина во ВМРО-ДПМНЕ

PDFПечатиЕ-пошта

Флеш Вести

Сабота, 04 Февруари 2012 21:18

vmro-np-86236Сите нејзини структури по хоризонтала и по вертикала. Јас како претседател, сум носителот на овој процес. Она што го познававте како ВМРО- Народна партија веќе не постои, згасна и се претопи, вели Марјан Додовски во последното интервју .

Мачната атмосфера во партијата и немањето можност да придонесат со нивните знаења во реализацијата на напредокот на државата, биле пресудни за тој чекор.

Повеќе...

 

Протести и контра-протести во Охрид

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Сабота, 04 Февруари 2012 20:14

aco-zivi-ne-pogrebaДенеска активистите на СДСМ заедно со нивните директори и вработените во јавните претпријатија излегоа на протестот кој официјално беше организиран од НВО „Младински центар“. Биле револтирано од тоа што Охрид останал без болница.

Протест имаше и пред Општина Охрид. Таму пак видливо беше присуството на истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ.

- Неодговорноста на надлежните од централната власт поред се на министерството за здравство оди до таму што безобразно ги занемаруваат сите барања и повици за изнаоѓање на времено решение на овој голем проблем, утврдување на точни рокови за довршување на реконструкцијата на Општтата болница, рече Маре Ристеска од невладината „Младински Центар“.

Повеќе...

 

Жерновски: СДСМ е најголемиот тројански коњ на изборите

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Сабота, 04 Февруари 2012 15:17

andrej-zernovskiНајголемиот тројански коњ на овие избори е СДСМ, потенцира Андреј Жерновски во интервју за Капитал.Претседателот на ЛДП во интервјуто посочува дека СДСМ направи сценарио како со Илинденското востание кое предвремено избувна, така и со изборите кои самата партија ги побара.

-Исклучително сум лут на СДСМ за ова, потенцира Жерновски.

Во интервјуто за Капитал, тој ја коментира најавата на Црвенковски за формирање на широк опозициски блок. Потенцира дека за него обединување под капата на СДСМ е осудено на пропаст. Во такво обединување, ЛДП, нема да учествува.

Повеќе...

 
 

Анализа на ЦИА од 1949 за отцепување на „Македонците“

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Петок, 03 Февруари 2012 18:07

ciaСпоред еден извештај на ЦИА од 1949 година, кој до скоро имал статус на врвна тајна, Америка сметала на повеќе опции во тогашната Југославија, меѓу кои и Македонци да се обидат да формираат независна држава, пишува Chris Deliso за „balkanalysis.com“, анализирајќи го извештајот.

Во извештајот на 12 страници, насловен „Проценка на способноста на југословенскиот режим да се спротивстави на советскиот притисок во 1949“, кој носи датум 20 јуни 1949 година, јасно се зборува за Македонци.

Повеќе...

 
 

140 години од раѓањето на Гоце Делчев

PDFПечатиЕ-пошта

Македонија

Петок, 03 Февруари 2012 17:43

Уgoce-delcevтре ќе бидат одбележани 140 години од раѓањето на најголемиот македонски револуционер Гоце Делчев.

По тој повод цвеќе на вечниот дом на Делчев во црквата Св.Спас во 11 часот ќе положи претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева. А по оддржувањето на Литургијата на Македонската православна црква, цвеќе ќе положат и високи државни и странски делегации.

Повеќе...

 
 

Во Скопје Украдени 60.000 евра од автомобил

PDFПечатиЕ-пошта

Флеш Вести

Петок, 03 Февруари 2012 17:39

mvrЛап-топ и 60.000 евра се украдени од автомобил кај хотелот „Арка“ кај Бит пазар, соопшти полицијата.

Педесет и девет годишниот скопјанец Е.Т. останал без 60.000 евра и лап-топ, откако непознат сторител ги украл од неговиот автомобил.

Тешката кражба се случила вчера во период од 17.15 до 17.25 часот во близина на хотелот „Арка“ на Бит пазар.

Повеќе...

 
 

Страница 1 од 101

Банер
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Turkish
Банер

Барај вести

Банер

Се Продава земјиште

Се Продава земјиште (нива) во с.Ботун, Охридско, одма до автопатот. Место викано Сатеска, 6-та класа, 500 m2. Цена по договор Лице за контакт: Климе  046 263 448

Macedonia news Маркетинг.
AngelVoip.com
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Сите Информации за Охрид на едно место
Банер
Банер
 
 Macedonia News На Мобилен
Читајте вести и преку мобилен едноставно внесете macedonia-news.info од вашиот мобилен телефон кој има пристап до интернет
(Не го користете мобилниот додека возите )

Овде може да ги најдете призводите на Јока Во Охрид и Струга