Н.Б.Р.М

Реклама

Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
Премиерот го претстави новиот пакет антикризни мерки Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Недела, 07 Март 2010 07:39

Пакет од 24 мерки кои се таргетирани во областите на даночната политика, кредитната политика, земјишната политика, имотно правните прашања, земјоделството, градежништвото, социјалната политика, како и мерки во областа на регулаторната гилотина се дел од четвртите антикризни мерки што Владата ги усвои на вчерашната седница.

“Новиот пакет мерки е резултат на сериозен и континуиран дијалог помеѓу владините институции и бизнис секторот“, рече премиерот Никола Груевски на денешната прес-конференција во Владата на која беше претставен новиот пакет антикризни мерки.

Тој посочи дека новите антикризни мерки нема да дадат некој спектакуларен резултат бидејќи, како што кажа, главните и најкрупните мерки веќе се преземени во 2009 година и тие во голема мерка им помогнале на фирмите и сè уште помагаат.

“Овој пакет антикризни мерки истовремено е пропратен со мерки на третата фаза на регулаторната гилотина и мерки за подобрување на деловната клима“, рече премиерот Груевски.

Претседателот на македонската Влада појасни дека со новите анти кризни мерки ќе се направат изменаи на Законот за данок на додадена вредност со кој фирмите наместо на 15. во месецот ќе можат да ги плаќаат обврските по однос на ДДВ на 25-ти секој месец.

“Ќе се намали надоместокот за приватизација на градежно земјиште кај правните лица кои сакаат да го приватизираат земјиштето што е под нивните објекти и дворови за 30 проценти. Ќе се подготви измена во Законот за денационализација со која управната постапка ќе завршува со одлука на второстепената комисија, а ќе се подобрат условите за користење на кредитната линија од Европската инвестициона банка и Македонската банка за поддршка на развојот. Покрај тоа, ќе се воведе нова кредитна линија за поддршка на микро, мали и средни трговски друштва“, рече премиерот Груевски.

Тој додаде дека ќе се спречува увозот на производи кои не се произведени по одредени меѓународни стандарди што ги има прифатено Македонија со цел заштита на домашните призводители и потошувачи од несоодветна конкуренција и оти ќе се олеснат критериумите за добивање финансиска подршка.

“Ќе се воспостави фонд на земјоделско земјиште наменет за доделување на невработени лица кои живеат во руралните средини, а ќе се скратат и забрзаат повеќе постапки во делот на градежништвото“, рече Груевски.

Премиерот Груевски истакна дека новите антикризни мерки ќе имаат позитивни ефекти не само на краток рок за стимулирање на растот и развојот во земјата, туку и за подбрување на квалитетот на живеење на сите граѓани, како и за подигнување на конкурентноста на македонската економија.

Премиерот Груевски потсети дека во измината година Владата донесе три пакети антикризни мерки и повеќе други мерки кои придонесоа за подобрување на состојбата, како и мерки за намалување на трошоците на фирмите и олеснување на нивниот извоз. Како резултат на овие мерки со, како што рече, вредност од над 300 милиони евра нашата земја е една од оние земји во Европа кои поуспешно се справија со кризата.

“Минатата година ја завршивме со трет најдобар економски резултат во Европа во однос на бруто домашниот производ. Во 2009 година Македонија оствари втор најмал буџетски дефицит во Европа, што покажува дека Владата доста малку трошела во однос на она што го прима во Буџетот. Предизвиците од светската економска криза сè уште постојат и ние сме должни да продолжиме со унапредувањето на деловната клима со цел да се излезе од таа состојба и да се исполни проектираниот раст за 2010 година, додаде Груевски.
 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија