|
Петрески ќе бара одговорност од државата |
|
|
|
Вести -
Македонија
|
|
Понеделник, 01 Март 2010 13:37 |
|
 Охридскиот градоначалник Петрески ќе бара одговорност од државата за катастрофата што му се заканува на Охридското езеро. Обвинува дека власта го игнорира во обидите за справување со надојденото езеро. Вели дека помош за Охрид и Струга ќе бара од УНЕСКО и од западните земји. “Ќе бараме одговорност за оваа работа затоа што си играме со Охрид. Ќе упатам апел, помош и до Унеско и до сите амбасади кои се во РМ и до Европа и до Америка“ вели Александар Петрески. Петрески, повикувајќи се на сознанијата од стручњаците, вели дека ситуација е критична долж целото крајбрежје од Охрид до Свети Наум. Од Центарот за управување со кризи, пак, и натаму тврдат дека не треба да се паничи, оти се било под контрола и нивото на езерото од 24 сантиметри над дозволениот максимум било стабилно. “Доколку продолжи со ова тенденција може е веќе да имаме опаѓање на нивото на водостојот на езерското ниво меѓутоа сето тоа зависи од хидрометеролошките услови“ вели Мишко Талески. ЦУК. Хидролозите предупредуваат дека тоа што езерото ниту се покачува, ниту се намалува, е само моментално и не ја намалува опасноста од поплави. Ситуацијата, според нив, и натаму е алармантна и бара будност. Наглото топење на снеговите проследено со врнежи од дожд кои се очекуваат во следните 3 дена, можат дополнително да ја влошат хидролошката состојба во охридско-струшкиот регион.
“Системот за одбрана од поплави во РМ очигледно дека во овој регион не функционира.Има во студиите како да се има претпазливост меѓутоа на реките овдека кај нас нема кој да објави опасност од полави“ изјави Александар Ангеловски (хидролог). Хидролозите ги плашат и најавите за натамошно растење на и онака високите водостои на 40-тината реки и дотоци што се влеваат во езерото.
|