|
Дури 55 отсто од чешките политичари, не знаат кој е главен град на Македонија Имено, чешкиот неделен магазин “Тиден“ направил анкета меѓу чешките политичари, кои важат за интелектуална елита во земјата. “Колку се образовани луѓето кои за неколку месеци на парламентарните избори ќе се борат за гласовите на чешките граѓани?“ Пишува весникот “Тиден" и преку десет прашања го проверува знаењето на чешките политичари, повеќето од нив со докторска или магистерска титула. Меѓу прашањата, од типот кој го напишал романот “Карамазови“ или кој е претседател на Словачка, се наоѓа и прашањето кој е главен град на Македонија? Од вкупно 20-те анкетирани политичари, деветмина одговараат дека тоа е Скопје, додека 11 чешки пратеници, не знаат кој е главен град на Македонија. На пример, меѓу 11-те пратеници што не го знаат одговорот е и актуелниот пратеник и заменик претседател на чешката Социјал демократска партија Зденек Шкромах. Мирослав Калоусек заменик претседател на партијата Топ 09, или пак Јан Касал кој е заменик претседател на Христијанско-Демократската партија.
Повеќето од пратениците на прашањето потенцираат дека знаат оти станува збор за “Бившата Југословенска Република Македонија“ но не знаат кој е главен град. Има и такви кои едноставно извикнуваат “Господе боже каде е тоа?“ или пак еден пратеник, Павел Севера од партијата Топ 09, кој вели “Македонија... Бања Лука... А не, тоа беше пристаниште, нели ?“.
|