|
Македонските аеродроми и официјално под управување на турски ТАВ |
|
|
|
Вести -
Македонија
|
|
Понеделник, 01 Март 2010 12:27 |
|
 Се официјализира земањето под концесија на аеродромите во Скопје и Охрид од страна на турската компанија ТАВ. Денеска тие и Владата потпишаа договор. Според раководството на оваа компанија, за 20 месеци и инвестиции од 200 милиони евра, Скопје ќе има модерен аеродром кои ќе нуди квалитетни услуги. Оперативниот директор на ТАВ Холдинг, Мурат Орнекол, изјави дека при градежните работи ќе се соработува и со домашни компании.
"Ќе изградиме модерен аеродром кој ќе работи според сите светски стандарди. Решивме дека во процесот на реновирање и изградбата да работиме и со македонски фирми. Нашата инвестиција во Македонија подразбира и влегување на ТАВ во Европа затоа што Македонија е земја со стратегиско значење за економијата и светската политика.“- - Мурат Оренкол,, оперативен директор на ТАВ Холдинг
Примопредавањето на оперирањето со аеродромите во Скопје и Охрид на концесионерот ТАВ од Турција е историски момент за Македонија бидејќи се означува почетокот на инвестирањето во модернизацијата и подобрување на воздухопловната инфраструктура. Со инвестицијата од турски ТАВ Македонија ќе добие аеродроми со модерен изглед кои ќе функционираат по сите светски стандарди.- Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.
Турците од ТАВ ќе подигнат нови терминали за патниците на простор од 40.000 квадратни метри. Пистата ќе се продолжи за 500 метри, ќе има нови паркинзи на простор од 42.000 квадратни метри и ќе се укинуваме од употреба воена инфраструктура. ТАВ ја доби концесијата во септември 2008 година. Со неа се предвидува Турците да управуваат со аеродромите во Скопје и Охрид во наредните 20 години.
|