|
 Проектот „Скопје 2014“ сведочи дека во Македонија имаме недемократска Влада, која неодговорно ги троши парите на граѓаните изјави опозицискиот лидер Бранко Црвенковски, кој рече дека од новиот договор меѓу Груевски и Ахмети, очекувал стагнирање или најмалку редуцирање на проектот, а не негово претрупување со други споменици со личности од албанската историја.
"Имав прилика да се сретнам со луѓе од различна националност, вера и можеби политички партии, но тие имаат заедничка цел, како да заживее страта скопска чаршија, која е белег на Скопје, на цела Македонија, дел од историјата на овој народ и навистина срамота е да биде напуштена и заборавена, рече по прошетката низ старата чаршија Црвенковски. Занаетчиите му се пожалиле дека работата не им оди добро заради кризата, разните давачки, такси, фирмарини, како и заради тоа што по 4 часот попладне во чаршијата нема никој што пазарува".
Црвенковски додаде дека во 21 век не се прават вакви градби и дека тие се својствени за земји каде што владеела монархии , кралството или имало диктатура. Црвенковски не ја исклучи можноста за покренување референдум за проектот „Скопје 2014“ . „Ја користам оваа прилика да го повикам пред се премиерот, бидејќи тој е најодговорен, да се вразуми, да се соочи со вистината во Македонија, со реалноста, со вистинските проблеми на сите наши граѓани и парите од народот да ги дава за народот, да ги преусмерува за решавање на нивните проблеми, а не за градење на некакви свои фараонски градби кои што ќе бидат споменик на едно недемократско и неодговорно владеење“, изјави Црвенковски.
Тој денеска ја посети Старата скопска чаршија каде се сретна со занаетчиите за да ги слушне нивните проблеми. Црвенковски ја искористи приликата да ги исчисти кондурите, и плати 1000 денари, односно остави повеќе бакшиш од претседателот Иванов кој платил 150 дена
|