Н.Б.Р.М

Реклама

Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
AngelVoip
Telephone system for small business..
Охрид Инфо
Информации за Охрид
cool-mk.com
CooL-MK Ве поврзува со светот! Страна за дружење

Преземи RSS

 
 
 
 
 
Времето утре ќе биде проследено со врнежи од снег, а во пониските делови со дожд и снег

Времето утре ќе биде проследено со врнежи претежно од снег, а во некои пониски места повремено ќе бидат од дожд и снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Пообилни врнежи се очекуваат во западните и јужните делови на земјава. Ќе дува засилен повремено и силен југоисточен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина до 90км/ч.

До недела ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, а само снег на повисоките места и планините.

 
 
 
 
 
Macedonia News на Facebook
 
 
 
 
 
НАТО и ЕУ се нашата иднина без алтернатива Печати Е-пошта
Вести - Најнови Вести
Недела, 07 Февруари 2010 17:46

НАТО и ЕУ остануваат нашата иднина која е без алтернатива, изјави денеска претседателот Ѓорѓе Иванов по завршетокот на Минхенската безбедносна конференција. 

- Иако во овој процес сме попречени од една политика на апсурди и политика наметната со сила, правиме се и наоѓаме начин како да ги одблокираме тие процеси, истакна Иванов.

Тој информира дека во тој контекст биле и средбите што ги оствари на маргините на конференцијата, јави известувачот на МИА.

Со претставниците на американската администрација е разговарано за македонскиот придонес во НАТО и помошта што ја добиваме од Северноатлантската алијанса, а отворени се и прашањата кои се поврзани со интегрирањето на Македонија во Алијансата.

Иванов рече дека е разговарано и за процесот кој се води во рамките на ОН и за потребата од негово динамизирање. Во тој контекст е и средбата со Метју Нимиц која треба да се одржи кон крајот на овој месец.

На средбата со британскиот министер за одбрана Боб Еинсворт, меѓу другото, е разговарано са соработката што Македонија и Велика Британија ја имаат во евроинтеграциите, како и за британската помош за македонската армија.

Во разговорот со вицепремиерот на Руската Федерација Сергеј Иванов отворени се прашања за економската соработка меѓу двете земји при што е констатирано дека таа добива на интензитет.

- Со овие средби сакам да укажам дека иако сме блокирани во процесот на евроатлантски интеграции, ние сепак мора да имаме предвид дека сме самостојна држава, која разговара со сите субјекти кои можат да бидат од помош за деблокирањето на овој процес и ги имаме сите оние моменти кои треба да се искористат за афирмирање на Република Македонија и отворање на перспективите што и претстојат на Македонија како независна држава, подвлече македонскиот претседател Иванов.
 
 
 
 
 
 

Сместување во Охрид