Н.Б.Р.М

Реклама

AngelVoip
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
Протест за зачувување на централното скопско јадро Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Сабота, 06 Февруари 2010 12:04

Повеќе gраѓани денеска на плоштадот Македонија во Скопје го изразија своето незадоволство од проектот на Владата и Општина Центар - „Скопје 2014“

„Денешниот протест има цел да покаже колку сме против намерата на Владата и на градоначалникот на Општина Центар да го уништат скопскиот плоштад и да го уништат централното скопско јадро“, рече Никола Наумовски од Плоштад слобода.

Организаторите беа задоволни од бројот на поддржувачи.
„Гледаме дека тие само го имаат заградено плоштадот и сме сигурни дека тие немаат пари и сакаме да ги поштедиме скопјаните од тоа да имаат градилиште на плоштадот“, рече Наумовски.

Од Плоштад слобода велат дека во период кога во Македонија има 300 илјади невработени, деца кои учат во никакви услови, не е логично да се зборува за инвестиција од стотина милиони евра за изградба на центарот на Скопје.

„Има многу поважни работи кои треба да се средат и ако сакаме да го зачуваме заедништвото не треба да промовираме проекти кои што предизвикуваат верска и етничка нетрпливост бидејќи визијата за Скопје 2014, не само што е мачоистичка и ги вклучува само мажите бидејќи во ниедна од скулптурите не е претставена жена, албанец, турчин или кој било друг претставник на каква било општествена група во нашето општество“, рече Ивана Драгшиќ од Плоштад слобода.
За нив, визијата за Скопје 2014 е неприфатлива и најавија дека  ќе се борат против неа.

За Плоштад Слобода, кој е и организатор на собирот, не е прифатливо да не се објават табли на кои пишува кој е инвеститорот на градбата, бројот на дозволата итн.

„Ние од полицијата од четвртокот наваму го бараме тоа и сеуште не сме го добиле, и уште не знаеме кој го узурпира јавниот простор- плоштадот“, вели Драгшиќ.

„Жалам што Владата се уште не разбрала дека 2014 ќе се случи по 2012, и мислам дека ова сценарио на владата наликува на филмот 2012 и сака да го уништи Скопје, и сака да ги уништи меѓуетничките односи меѓу двете најголеми заедници како и меѓуверските односи. Ако владата размисли подобро тогаш ќе го избегне сценариото од 2012“, рече Артан Груби од граѓанското движење Разбуди се.

Плоштад Слобода најави организирање на други настани поврзани со нивното незадоволство, издавање разни публикации, видеа и други видови соработки со други иницијативи во градот.

На протестот присуствуваа млади луѓе, претставници на албанското малцинство во Македонија, поддржувачи на проектот за изградба на Бурмали џамија, Разбуди се, членовите и поддржувачите на НВО Плоштад Слобода, јавни личности, политичари и интелектуалци кои не се согласуваат со започнатиот проект за новиот изглед на Скопје.

 

 

 


 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија