Н.Б.Р.М

Реклама

AngelVoip
Telephone system for small business..
Приватно сместување во Охрид
Private accommodation in Ohrid Macedonia..
Охрид Инфо
Информации за Охрид

Преземи RSS

feed-image Преземи RSS
 
 
 
 
 
Почеток на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) започнаа рекламна кампања во Република Македонија со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името

Реклами ќе се објавуваат во сите водечки весници во Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди. Кампањата започнува во среда со објава во скопските дневни весници Дневник и Утрински.
ММДЧП и АМКЧП бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман.

Macedonia News | 
 
 
 
 
 
Македонија не само што создава мир, туку и го извезува Печати Е-пошта
Вести - Македонија
Петок, 05 Февруари 2010 13:38

Со сите постапки и активности Македонија не само што создава мир, туку и го извезува тој мир. Со нашето учество во мировни мисии Македонија е конструктивна и придонесува за да се постигне мир, изјави денеска претседателот Ѓорѓе Иванов, кој учествува на Безбедносната конференција во Минхен.

Одговарајќи на новинарски прашања пред самиот почеток на Конференцијата, како што јави специјалниот известувач на МИА д Минхен, Иванов рече дека македонските очекувања од конференцијата се да ги кажеме нашите ставови во врска со безбедноста во регионот, меѓутоа и да слушнеме какви се размислувањата на другите за нашиот регион.

На новинарско прашање дали има вистина во тврдењата на Грција дека Македонија претставува и безбедносен пробем, Иванов истакна дека и покрај тоа што такво нешто беше поттикнато уште при влезот на Макеоднија во ОН, функционирањето на државата во овие 19 години независност покажа дека за ниту еден сосед, ниту за регионот, Македонија не е безбедносен проблем.

- Мој личен став е дека на некој начин со тој нивен став Грција има доведено во заблуда многумина од меѓународната заедница. Незнам кој е тој аргумент, кој би бил искористен за тоа дека ние сме биле безбедносна закана, изјави македонскиот претседател.

Во врска со најавите дека  ќе биде предизвикана дестабилизација на Македонија доколку не влезе во ЕУ во следните шест месеци, Иванов рече дека тоа треба да го коментираат оние кои ги изнесуваат таквите судови.

- Јас како претседател на држава знам и ги убедувам граѓаните дека тоа во Македонија во сегашни услови не е можно, нагласи Иванов.

Макдонскиот претседател, кој е во Минхен е придружуван од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, утре ќе има обраќање на Михненската безбедносна конференција во рамките на панел дискусијата „Иднината на европската и глобалната безбедност", а на маргините на собирот ќе оствари и неколку билатерални средби на кои ќе се потенцираат сите прашања од сферата на безбедноста и уделот на Македонија во меѓународните мисии.

На 46. Минхенска безбедносна конференција, која почна попладнево, а ќе трае до недела, учествуваат 300 шефови на држави или влади, високи функционери, опозициски лидери и претставници на организации од целиот свет.

Конференцијата ја отвори претседавачот Волфганг Ишингер, а во воведниот дел ќе говорат и германскиот министер за одбрана Карл-Теодор Гутенберг и министерот за надворешни работи на Кина Јанг Џиечи.

Покрај дискусиите за традиционалните теми како што се трансатантската и европската безбедносна архитектура, конференцијата ќе се фокусира на безбедноста и стабилноста во поширокиот регион на Блискиот Исток, како и на разоружувањето, контролата врз вооружувањето и нуклеарното разоружување.

Ишингер се надева дека ќе добие нови информации за рускиот предлог во однос на европската безбедносна архитектура и за потпишувањето на американско-рускиот договор за намалување на стратешки оружја (Старт 2). Панел дискусиите годинава се фокусираат и на Авганистан и новата стратегија на НАТО


 
 
 
 
 
 

2S студио

2С Студио изработува секаков вид на веб страници

Сместување во Охрид

 
Macedonia News На Мобилен
Мобилна Верзија